• Latest

Ковачевски: Европските интеграции се иднината на целиот Западен Балкан

January 25, 2023

Скопје добива нов план за воздухот до 2031 година – клучно прашање е кој ќе го спроведува

November 11, 2026

Аферата „Алта банка“: Дали Мацура ќе проговори за газдите на парите и кој ја отвори вратата во Скопје?

November 11, 2026
Албин Курти (фото извор: ФБ страница на Албин Курти)

Курти бара промена на српската политика кон Косово по изборната победа на студентите

November 11, 2026
Абу Даби преговори за Украина, 10 ноември 2026 (CBS News screenshot)

Преговорите за Украина во Абу Даби: Главните прашања и изгледите за договор

November 11, 2026
Фото: веб страна на НАТО

Дронови над Балтикот: Латвија и Литванија активираа воздушна одбрана, НАТО активираше борбени авиони

November 11, 2026
Фридрих Мерц, 31 декември 2025 (скриншот од видеото објавено на официјалната веб страница на Канцеларот)

Мерц бара сите членки на ЕУ да учествуваат во финансирањето на Украина

November 10, 2026
Фотографија: Министерство за здравство

КОП31: Климатските промени се закана за здравјето, Северна Македонија се соочува со зголемен ризик од заразни болести

November 10, 2026
Фото: ВИ

Правосудниот испит на албански јазик ја тресе Владата – мириса ли на предвремени избори?

November 10, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Преговори во Абу Даби – Трамп зборува за „конечен крај“ на војната во Украина, Европа бара да биде дел од процесот

November 10, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Од Pac-Man до GTA 6: Најголемата креативна индустрија во светот и фондовите што ја голтаат

November 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Европските интеграции се иднината на целиот Западен Балкан

January 25, 2023 11:33
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Европските интеграции се иднината на целиот Западен Балкан. За земјите од регионот тоа значи подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и обезбедување предвидливост во безбедноста и стабилноста, изјави премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски за српскиот весник „Политика“.

-По војната во Украина, тоа стана јасно и за Европската Унија. Ние сме географски дел од Европа и ни треба единство во надворешната политика, особено кога станува збор за одбрана на мирот и демократските вредности. Воопшто не е далеку ова да се постигне во 2030 година. Напротив, тоа е рационална и остварлива цел, рече Ковачевски.

Прашан во контекст на промената на Уставот и како го гледа натамошниот развој на евроинтеграциите, Ковачевски посочува дека земјава чекори по европскиот пат, додавајќи дека во тек е билатерален скрининг и дека годинава очекува нов пробив во евроинтеграциите. Очекувањата ги темели, како што наведува, на определбата на мнозинството граѓани во земјава за членство во ЕУ.

Зборувајќи за односите меѓу Белград и Скопје, Ковачевски забележува дека во тешките моменти вистинските пријателства доаѓаат до израз и укажува дека пандемијата и светската економска криза ги потврдиле добрите односи меѓу двете земји.

-Взаемното почитување создава основа за понатамошен развој на нашите добрососедски односи. Заеднички ги решаваме сите предизвици што ни ги наметна светската криза од војната во Украина, рече премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека е во редовен, понекогаш и секојдневен контакт со српскиот претседател Александар Вучиќ и со албанскиот премиер Еди Рама.

-Ова пријателство не само што изненади многумина, туку верувам дека ќе послужи како инспирација за градење добрососедски односи, смета Ковачевски.

На прашањето како може да произлезе мир од вителот на овие настани на светската политичка сцена и дали ова е шанса за малите држави како Северна Македонија и Србија, кои заедно со Албанија припаѓаат на иницијативата „Отворен Балкан“, Ковачевски рече дека решението на секое отворено прашање мора да биде исклучиво преку дијалог.

-Неразбирливо е оружјето да се користи во 21 век, да страдаат невини луѓе и да се доведува во прашање светскиот мир. Особено е неприфатливо географски поголема држава да применува сила против помала демократски определена држава, обидувајќи се да ја загрози нејзината независност и територијален интегритет, подвлече Ковачевски.

Тој посочи дека Северна Македонија, Србија и Албанија ја подобруваат регионалната соработка во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, а со тоа ја зајакнуваат меѓусебната доверба.

-Отворениот Балкан и Берлинскиот процес се регионални иницијативи кои не зближуваат и не охрабруваат да одржиме остар фокус на одржување на стабилноста и безбедноста на регионот, како и на заедничката стратешка цел – европската интеграција, заклучи Ковачевски.

Tags: Берлински процесВучиќЕУКовачевскиОтворен БалканРама
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ