• Latest

Ковачевски: Францускиот предлог е солидна основа за градење став, инкорпорирани се нашите забелешки

July 1, 2022

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Францускиот предлог е солидна основа за градење став, инкорпорирани се нашите забелешки

July 1, 2022 14:17
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изразени ставови.  Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Сите лажни тврдења во различни форми сметам дека потонаа.  Како Влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед. Го штитевме националниот интерес и македонскиот национален идентитет, изјави премиерот Димитар Ковачевски по средбата со коалициските партнери.

Ветивме, рече тој, дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторувавме и за кои Собранието усвои консензуална Резолуција.

-Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно и недвосмислено прифаќање на македонски јазик, како и протоколот да не биде во преговарачката рамка. Многу важно нашата позиција за понатамошно отпочнување безусловно на преговарачкиот процес и одржување на меѓувладина конференција со ЕУ исто така инкорпориран во предлогот којшто е доставен кај нас.  Би сакал да повторам дека имаме план и стратегија која дава резултати, рече Ковачевски.

За да изградиме официјален став како држава, рече Ковачевски,  со оваа средба денеска го отпочнавме широкиот консултативен процес. Премиерот најави средби и со претседателот на државата кој е целосно досега упатен и консултиран со сите детали, со Парламентот и со опозицијата, како и со граѓанскиот сектор, медиумите, експертската и севкупната јавност во земјата.

Предлогот, вели Ковачевски, го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Сите лажни тврдења во различни форми сметам дека потонаа.  

-Како Влада доследно се држевме до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед. Го штитевме националниот интерес и македонскиот национален идентитет.  

На денешната средба со коалициските партнери министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ ги образложиле и процесот и предлогот.

– Разговаравме со факти, детали, но и имајќи ја на ум и предвид нашата стратешка позиција и цел членството во ЕУ, рече премиерот, кој додаде дека коалициските партнери ќе го разгледаат предлогот и оти ќе дадат свое мислење за него. Ставот со нив, како што кажа, ќе биде изграден на следен состанок. Духот на разговорот, според Ковачевски, беше на ниво на исклучителна одговорност на моментот на којшто е исправена Република Северна Македонија.

Истакна дека процесот за носење конечна одлука е транспарентен и ќе бидат споделени со јавноста релевантни детали.

– После оваа средба целиот предлог ќе биде објавен на веб-страната на Владата. Но, од нас најмногу зависи како ќе тече, во која насока ќе се движи тој процес. Затоа ова е првиот состанок во државата, ова е првото и најважно место за носење мудри, прецизни и државнички одлуки.  Одлуката за нашата иднина ќе ја донесеме ние на принцип на заеднички позиции, мериторна основа, согласно стратешките интереси на земјата и на сите нејзини граѓани, рече Ковачевски.

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ