• Latest

Ковачевски: Опозицијата да се „преиспита“, наликува на продолжена рака на Левица

January 23, 2023
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Опозицијата да се „преиспита“, наликува на продолжена рака на Левица

January 23, 2023 15:01
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ова е класична дистракција, на еден навистина перфиден начин, како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина. Сето ова што се случува има импликации, затоа што ова не е натпревар кога играат Пелистер и Вардар или кога меѓу себе играат МЗТ и Работнички, ова е нашата иднина за што ние денес зборуваме, вели премиерот во врска со инцидентот во Охрид.

-Насилство од било каков тип не оправдувам и секогаш го осудувам. Исто како што ќе ја осудам и ќе се спротивставам на секоја провокација што доаѓа одвнатре или однадвор, а која ги повредува чувствата на Македонците и буди немир меѓу нашите граѓани. За мене такви провокации се недозволиви. Ова беше одговорот на премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање да даде свој коментар околу инцидентот во кој беше нападнат секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид.

Тој рече дека му е јасно  дека има тензија и има многу прашања кои се легитимни во однос на случувањата кои беа минатиот викенд, но и во текот на изминатиот период, но задоволен е што институциите реагираа брзо и што МВР успеа веднаш да ги пронајде напаѓачите и да постапи соодветно, а верувам дека брзо ќе биде расчистен целиот случај и дека по него, согласно пријавите, ќе постапува и Основното јавно обвинителство

Тој рече дека никогаш не оправдува насилство од каков било вид и дека секогаш го осудува. Но и дека ги осудува сите провокации одвнатре или однадвор кои ги повредуваат чувствата на Македонците и внесуваат немир меѓу граѓаните. За него такви провокации се недозволиви.

Ковачевски директно кажа дека настанот во Охрид е обид за грубо изместување на прашањата на европската иднина на Македонија, а не инцидент на навивачки групи на спортски клубови.

„Ова е класична дистракција, на еден навистина перфиден начин, како да се одвлече вниманието од нашата европска иднина. Сето ова што се случува има импликации, затоа што ова не е натпревар кога играат ‘Пелистер’ и ‘Вардар’ или кога меѓу себе играат ‘МЗТ’ и ‘Работнички’, ова е нашата иднина за што ние денес зборуваме“, нагласи Ковачевски.

Навраќајќи се на разговорите минатото лето со ЕУ околу преговарачката рамка која треба да ѝ го отвори патот на Македонија кон европската иднина Ковачевски рече дека нема да дозволи тоа некој да го загрози или да ја „киднапира нашата меѓународна и европска политика“.

„ Нема да дозволам да се одвоиме од ЕУ патот на државата и затоа ќе инсистирам овој проблем да се реши на најбрз можен начин. Ние треба да продолжиме на патот во ЕУ. Може да поставиме уште 100 прашања со детали за ова, но најважно е што тие што ги иницирале настаните од минатата недела и оние кои претходеа, не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ“, рече тој.

Потоа ја повика опозицијата да се „преиспита“, особено по информациите објавени во јавноста дека и тепачот и тепаниот биле членови на ВМРО-ДПМНЕ, а Пендиков учествувал на некои од најголемите протести како многу активен.

„Треба и опозицијата да се преиспита, бидејќи гледавме дека вчера во медиумите имаше многу информации и написи дека нивни членови и симпатизери се спомнуваат дека се поврзани со настаните од минатиот викенд и настаните од пред тоа. Затоа велам дека преку вакви активности нашата најголема опозициска партија сѐ повеќе наликува на продолжена рака на Левица. Постојат два концепти. Едниот концепт е концептот за европска Македонија, вториот концепт е концепт на бесмислен национализам, којшто замина од оваа држава заедно со нивниот вистински лидер. Нам не ни треба тоа што тие ни го продаваат. “, оцени премиерот.

Тој ја коментираше и изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков, за некакво „враќање на црни традиции на насилство кои историски се поврзани со Македонија“. Милков тоа го кажа во присуство на неговиот македонски колега Бујар Османи. Ковачевски рече одговор да се побара од бугарскиот министер.

„На кои времиња точно мисли, ќе мора да даде самиот министер за надворешни работи на Бугарија, бидејќи во нашата држава на врвно ниво е издигнато владеењето на правото, демократијата и при секој немил настан институциите реагираат“, изјави Ковачевски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУКовачевскинапад во Охридполитика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ