• Latest

Ковачевски: Поединци, партии и групи финансирани од трети страни не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ

February 19, 2023
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски: Поединци, партии и групи финансирани од трети страни не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ

February 19, 2023 18:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека после 17 години чекање, Северна Македонија ги отпочна преговорите со ЕУ и тие преговори се започнати како и за сите други држави, со скрининг фазата.

-Ние веќе отпочнавме со билатералниот скрининг каде поглавје по поглавје, сектор по сектор, ресор по ресор се разгледува нашето законодавство, примената на законодавството, примената на институциите итн. Самиот скрининг процес тече во насока на завршување според планот, некаде пред крајот на оваа година. Позитивни сигнали доаѓаат од Брисел, од нашите преговарачки тимови дека процесот ќе заврши во најдобар ред, а тоа значи дека на крајот ќе добиеме извештај во којшто точно ќе се знае кои области треба да ги унапредиме, кои закони треба да се направат, кои реформи треба да се спроведат во државата, кажа Ковачевски во интервју за МИА.

Тој додаде дека што се однесува до самите преговори, државата не преговара со Бугарија, туку со ЕУ.

-Не би ги коментирал изјавите на бугарските политичари, бидејќи тие се наоѓаат во кампања. Така што, тие за секој глас се подготвени да дадат било каква изјава, со оглед на тоа дека се константно во избори и се обидуваат да собираат гласови на секои шест месеци и затоа не би ги коментирал изјавите ниту на нивниот претстадел ниту на другите кандидати за други функции во Бугарија истакна премиерот. Според него, кога во Бугарија имаше политичка Влада, а тоа беше Владата на премиерот Петков, односите со Бугарија биле унапредени на исклучително високо ниво.

-Се разговараше на теми кои се однесуваат на иднината. Вие знаете дека имаме работни групи кои разговараа за инфраструктурата, за евроинтеграции, за образование и култура итн. И како резултат на тие разговори и атмосфера која се креираше успеавме да постигнеме договор со сите 27 земји членки на ЕУ и да ги отпочнеме преговорите. Во моментов и во Бугарија и кај нас има поединци и групи па и политички партии кои не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ, рече Ковачевски додавајќи дека тие поединци, политички партии и групи за жал се финансирани и поттикнати од трети страни, односно од држави кои исто така не сакаат да го видат регионот интегриран во ЕУ.

Премиерот Ковачевски исто така посочи дека на официјалните институции и на Бугарија и на Северна Македонија им останува да продолжат со комуникација, која комуникација треба да се базира на институционална комуникација, на задржување на достоинството на институциите и граѓаните на двете држави и доколку продолжиме во таква насока, тогаш ќе имаме односи со соседна Бугарија исто како што имаме и односи со соседна Србија, Грција и со Албанија.

Исто така би сакал да истакнам дека нашите односи со Бугарија имаат и друга димензија, истакна меѓу другото Ковачевски.

-Тоа е економска димензија. Димензија во соработка во однос на стратешки проекти, да не заборавиме дека во време на најголемата економска и енергетска криза заедно со бугарските власти успеавме да го зголемиме капацитетот на единствениот интерконектор кој во моментов го имаме и со тоа да се овозможи либерализација на снабдувањето со гас на државата. Тука секако дека помагаа и други партнери од НАТО, пред се САД во делот на подзаконската регулатива, во делот на водењето на преговорите за зголемувањето на капацитетот на самиот гасовод којшто оди преку Бугарија во Северна Македонија. Тоа се исто така се теми кои се значајни за граѓаните на нашата држава меѓутоа значајни и за соработката меѓу двете држави. Доколку работиме во таа насока, на теми и на проекти кои ги зближуваат граѓаните тогаш јас верувам дека и односите меѓу двете држави ќе бидат на ниво коешто е достојно на две соседни држави кои се членки на НАТО, партнери во НАТО и кои ќе бидат партнери и во ЕУ наскоро, рече Ковачевски.

Tags: БугаријаДимитар Ковачевскиевропска интеграција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ