Премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски со владина делегација, која се наоѓа во официјална посета на Софија, и каде денеска се одржа заедничка седница помеѓу двете влади, оствари средба со претседателот на Република Бугарија Румен Радев
На брифингот по средбата, Ковачевски изјави дека на политичарите е да гарантираат дека решенијата ќе го штитат достоинството и на граѓаните на Северна Македонија и на граѓаните на Бугарија.
Премиерот Ковачевски изрази задоволство од резултатите на заедничката седница со Владата на Република Бугарија, со што двете земји започнуваат еден нов процес на соработка со цел да се обезбеди интензивирање и продлабочување на добрососедските односи во многу области.
Ќе се залагаме за дијалог, рече премиерот Ковачевски, со почитување на европските вредности и со почитување на достоинството на македонските граѓани и на граѓаните на Бугарија.
Од резултатите и соработката, низ искрен дијалог истакна премиерот Ковачевски, се очекува да се создадат услови за поместување во процесот на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, во кој Бугарија и нејзиното искуство од петнаесетгодишното членство во ЕУ може да ја преземе улогата на лидер во поддршката за евроинтеграцијата на Северна Македонија.

Бугарскиот претседател Румен Радев, од своја страна истакна дека средбите на највисоко ниво испраќаат силна и јасна симболична порака до јавноста, и во таа насока и двајцата се согласиле дека свој придонес се очекув од сите на идни средби на највисоко политичко ниво.
-Република Бугарија силно се залага за европската интеграција на Република Северна Македонија, при што смета на целосна отвореност и искрен дијалог и доверба, со подготвеност заедно да ги решаваме сите прашања, додаде Радев.