• Latest
Фото/ Влада на Република Северна Македонија

Ковачевски – Сарацин: Северна Македонија е на патот што води кон напредок и просперитет

January 12, 2023

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски – Сарацин: Северна Македонија е на патот што води кон напредок и просперитет

January 12, 2023 14:25
in ВЕСТИ
Фото/ Влада на Република Северна Македонија

Фото/ Влада на Република Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Уставните измени, македонските заложби за полноправно членство во ЕУ и претседавањето со ОБСЕ, беа клучните теми во денешниот телефонски разговор на премиерот Димитар Ковачевски со специјалниот пратеник на Сојузната Влада на Германија за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Според Ковачевски и Сарацин, Северна Македонија е на патот што води кон напредок и просперитет, а тоа е членство во ЕУ. Затоа е потребна широка поддршка околу уставните измени кои, како што беше речено во текот на разговорот, ќе поминат низ процедура на дискусија и консултации.

Премиерот изрази надеж дека сите политички партии ќе работат заедно за да се унапредат реформите за побрзо членство во ЕУ.

-Премиерот ги потенцираше заложбите на Владата за полноправното членство на Северна Македонија во ЕУ, што е и стратешка цел на земјата која македонското Собрание ја реафирмираше во 2001 година со донесување на Законот за ратификација на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со што започнаа формалните односи со ЕУ, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски и Сарацин разговараа и за процесот на скринингот што почна на 15 септември 2022 година, а се очекува да заврши во ноември годинава и истакнаа дека проекцијата оди брзо и ефикасно.

Во телефонскиот разговор беше потенцирана важноста за нашата земја која 2023 година е претседавач со ОБСЕ. Премиерот ја истакна важноста за меѓународниот успех на Северна Македонија како и дека, претседавањето со Организацијата е признание за покажаниот напредок, кој како земја го демонстрираме во изминатите години.

Премиерот и специјалниот пратеник разговараа и за предизвиците што ги наметна енергетската и економската криза, како и за чекорите што ги презема Владата со антикризните мерки. Разговарани беа и позитивните политики со кои Владата успеа да обезбеди домашно производство на струја за стопанството и граѓаните

 

Tags: Димитар КовачевскиЕУМануел СарацинОБСЕ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ