• Latest

Ковачевски: Со заштитата на македонскиот јазик ја заштитивме и суштината на нашето постоење

May 6, 2023
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026

ВОЈНАТА СÈ ПОБЛИСКУ – Црното Море, бојно поле пред портите на НАТО: Дронови потопуваат бродови, Бугарија бара одговори од Москва и помош од НАТО и ЕУ

October 13, 2026

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ковачевски: Со заштитата на македонскиот јазик ја заштитивме и суштината на нашето постоење

May 6, 2023 11:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Се гордеам што како држава, како народ, успеавме да добиеме шанса и статусот на македонскиот стандарден јазик да го втемелиме во европското законодавство. Да биде признат и почитуван од нашите меѓународни пријатели, дипломати, државници, да биде рамноправен со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќање на приемот по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, што се одржа во рамки на неговата посета на САД.

Ковачевски посочи дека на 5 мај, оддаваме почит на македонскиот јазик и на сите создатели на писмениот, литературен и стандарден македонски јазик. Потсети дека Владата во 2019 година овој ден го прогласи за Ден на македонскиот јазик во чест на 5 мај 1945 година кога Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо во државата.

Премиерот укажа на предизвиците во делот на преговорите на практично внесување на македонскиот јазик во ОН, во НАТО и финално во јазиците на ЕУ, меѓутоа, како што истакна, со потпишувањето на Договорот со ФРОНТЕКС и неговата ратификација, македонскиот јазик се издигна на рамноправно рамниште со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија.

Тоа, потенцираше, е практично прв договор кој е потпишан на сите јазици во ЕУ и на македонски јазик и одобрен од сите членки на ЕУ, вклучително Грција и Бугарија.

Со заштитата на македонскиот јазик го заштитивме и нашиот идентитет, нашата култура и ги втемеливме како дел од мозаикот на европските јазици и европската разноликост. Македонскиот јазик го обликува нашиот идентитет, нашето културно наследство, па затоа нашиот услов од кој не отстапивме пред почетокот на преговорите беше македонскиот јазик да биде службен и единствен официјален јазик. Историски успех е што на македонски јазик ќе се зборува официјално и во Брисел и во сите европски престолнини. За идентитетот и јазикот не постојат фусноти, додавки, објаснувања, ѕвездички – македонски јазик е македонски јазик!, рече Ковачевски.

Посочувајќи дека јазикот е коренот од кој растеме, тој додаде дека јазикот е нашиот столб на образованието, културата и на нашата национална смисла.

Со тоа што го заштитивме јазикот, ја заштитивме и суштината на нашето постоење. Вклучувањето на македонскиот јазик во светската ризница на јазици е еден од приоритетите на Владата. Во соработка со Институтот за македонски јазик дадовме поддршка за активности за негова континуирана афирмација. Овде ќе ја спомнам интернет-платформата makedonski.gov.mk на која е поставен дигитализираниот „Толковен речник на македонскиот јазик“. Се гордеам што тој бесплатен дигитален толковен речник е достапен насекаде во светот, вклучително и на вас кои сте тука присутни, на вашите пријатели, на вашите роднини кои денес не можеа да бидат со нас. И насекаде во светот на нашите граѓани, соседи, на нашинците во дијаспората, на научниците, лингвисти, писатели, бизнисмени, сите кои сакаат да го користат македонскиот јазик. Толковниот речник се надоврза на претходната иницијатива на Владата кога беше дигитализиран и Правописот на македонскиот јазик, рече Ковачевски, порачувајќи дека Владата останува посветена на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик.

Tags: 5 мајКовачевскимакедонски јазикЊујоркобраќањеодбележување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ