• Latest

Ковачевски во ОН: Инвестираме во квалитетно и достапно образование за секое дете

September 20, 2022

Изборна хроника: Експерименти, вилаети, Халкидики, Дубаи и Холандски парк меѓу ветувањата за инклузивност, градинки и противпожарни станици

October 7, 2025
Снимка од украински војници како држат знаме во Сичњеве, Днипропетровската област, Украина. Снимки објавени на 7 октомври 2025 година. Фото: 141-ва механизирана бригада/Телеграм

„Ја ослободуваме нашата земја, чекор по чекор“ – Украина известува за успешен контранапад во Днипропетровскaта област

October 7, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ковачевски во ОН: Инвестираме во квалитетно и достапно образование за секое дете

September 20, 2022 08:51
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски учествуваше и говореше на Самитот за трансформација на образованието во рамки на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк. На дебатата на Самитот кој го отвори генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш и учествуваа над 90 шефови на држави и премиери се дебатираше за националните цели  на земјите за унапредување на образованието.

„Кога и да зборувам за важноста на образованието, се потсетувам на констатацијата дека „Образованието е она што останува, откако ќе се заборави наученото во училиште“, рече на почетокот од своето обраќање  премиерот Ковачевски.

Тој истакна дека денес ова е мошне важно, особено затоа што генералниот секретар Гутереш постојано потенцираше дека исходот од доброто образование во 21-от век значи: учење за да се научи, учење да се живее заедно, учење да се прави, учење да се биде. Јас се согласувам со ова и ги поддржувам таквите резултати од образованието.

Навистина верувам дека образованието не се само оние лекции што се учат на училиште, туку се всушност вредностите кои му се предаваат на еден млад ученик или студент. Прв ќе го препознаам факторот и ќе се согласам дека во мојата земја, Северна Македонија, сé уште имаме долг пат до нивото на квалитет на образованието со кое јас би бил задоволен. Точно е дека трансформацијата на мојата земја во формална земја членка на ЕУ лежи прво во нашата способност убаво да се погледнеме себеси, да ги видиме нашите недостатоци и да се сфатиме дека нашата иднина зависи од нас, од она што го правиме, од она што можеме да го постигнеме со нашите две раце. Поради тоа, ние сме посветени на создавање услови и средина што ќе им овозможи на нашите ученици и студенти да напредуваат и да ги постигнат своите потенцијали, потенцира Ковачевски.

Според Ковачевски, учењето за да се научи всушност значи стекнување писменост, но и развивање критичко размислување и вештини за анализа, истражување, носење одлуки, а со тоа и развивање на потенцијалите на нашите идни лекари, научници, градители, идни лидери, на кои ќе се потпира нашиот свет.

Само луѓето кои имаат способност и капацитет да размислуваат критички, можат да бидат доволно храбри да ги одбранат правото и правдата и да ги добијат своите битки користејќи аргументи, а не насилство, нагласи премиерот.

Тука Ковачевски го нагласи  фокусот на напорите што ги презема Владата на Република Северна Македонија во таа насока.

• Воведовме целосно нова наставна програма за прво и четврто одделение од основното образование со која се менува пристапот на предавање. Оваа програма се заснова на охрабрување на критичкото размислување што, само по себе е сеопфатна цел за целокупниот образовен процес.

 

• Следејќи ја заложбата за обезбедување правично образование, ја унапредуваме инклузивноста, притоа мотивирајќи ги учениците да учат да живеат заедно. Со оглед на тоа дека сме успешен модел за мултиетничко општество, посветено работиме кон постигнување социјална интеграција во етнички, културолошки и општествен аспект. Се вработуваат образовни асистенти кои треба да им дадат директна поддршка во училницата на ученици со попреченост во редовните основни училиште. Обезбедивме учебници во електронска и аудио форма, како и со Брајово писмо за децата со атипичен развој.

 

• Посветени сме на надминување на разликите што потекнуваат од разликите во приходите; воведовме субвенционирани оброци за секој ученик. Тоа е дел од нашите напори за обезбедување еднаков пристап до оброци за младите лица на универзитетите. Покрај тоа, секоја година се даваат стипендии за учениците од средните училишта, како и за универзитетските студенти, на различни основи, како на пример, врз основа на приходите или академскиот успех.

 

• Работиме на унапредување на средното стручно образование со цел студентите кои немаат намера да продолжат со универзитетско образование да ги стекнат неопходните квалификации. Тоа е нашиот придонес кон целта да се учи за да се прави. Водени од начелото на доживотно учење, креирајќи различни програми го олеснивме преквалификувањето и дополнувањето на квалификациите, што помага брзо стекнување вештини и знаење во професиите кои се бараат на нашиот пазар на труд.

 

• Поучени од лекциите научени во текот на справувањето со пандемијата, ги насочивме нашите напори на обезбедување на неопходните ИТ уреди, интерактивни училишни табли, помагала, како и опрема за кабинетите за специфични предмети, сé со цел да се обезбеди дигитална настава. Подготвени сме постојано да инвестираме во зацврстување на дигиталните компетенции на наставниците и подобрување на дигиталната инфраструктура во училиштата.

 

• Со оглед на фактот дека научните иновации станаа главен предуслов за напредок, минатата година за првпат воведовме стипендии за третиот циклус на студии во научните области од природните науки, математиката и техничко-технолошките науки. Учењето да се биде бара развивање на иновација и креативни потенцијали, особено за младите луѓе. Затоа, сериозно инвестираме во таа област.

 

• Би сакал да го подвлечам и развојот и спроведувањето на проектот за соработка меѓу универзитетите во Северна Македонија и универзитетите од другите балкански земји, како и универзитетите во Италија и Грција. Овој проект се спроведува во рамки на Стратешкото партнерство Еразмус за пост-дипломските студии и е насловен „Гео-филозофија на Балканот“. Ова е исклучително важен проект имајќи предвид дека се работи за прва таква регионална соработка во образованието.

Истовремено, Ковачевски укажа дека политиките кои ги спроведуваме се усогласени со глобалните заложби за развивање на образовен систем што помага да се изгради општество што ќе може ефективно да се справи со новите предизвици. Последиците од пандемијата и војната во Украина ни докажаа дека тоа ни е неопходно на сите. Уверен сум дека науката и иновациите водат до одржливи промени што ќе ги подобрат животите на сите наши граѓани.

Би сакал да ве уверам дека Република Северна Македонија се солидаризира со демократскиот свет и ги поддржува и се приклучува кон заложбите за градење одржлив образовен систем заснован на стандарди за висок квалитет и достапен за сите, посочи Ковачевски и додаде дека веќе со децении во мојата земја се спроведувале различни образовни модели и се воведувале многу промени. Сепак, во согласност со досегашната дискусија на оваа дебата, верувам дека со фокусирано спроведување на Националната стратегија за развој 2022-2024 и тековната Стратегија за образование 2018-2025 ние го поставуваме нашиот образовен систем на вистинскиот пат кон развој.

Во обраќањето премиерот нагласи дека со оглед на тоа дека сите овие напори се наша долгорочна обврска, во овој момент верувам дека најважно е да ви укажам на еден голем предизвик што стои пред сите нас оваа зима, а што е мошне важен. Енергетската криза со која се соочуваат Северна Македонија, Европа и светот претставува сериозна закана за образовниот процес. За да се постигнат долгорочните цели мора прво да се осигуриме дека ќе имаме доволно ресурси за да се обезбедат основни услови за живот и работа, како што се топли и добро осветлени училници и топли и добро осветлени домови за нашите ученици да имаат непречено квалитетно образование зимава. Ова е приоритет број еден денес, утре и во претстојните долги зимски месеци.

За ковачевски, одговорот на овие предизвици може да се најде само во взаемна меѓународна и меѓу-регионална соработка. Но најмногу од сé, може да се најде во солидарноста. Ако сакаме нашите ученици да пораснат со добро образование, мора прво да им покажеме како ние возрасните можеме заедно да ги решиме проблемите. Во спротивно, ниту еден образовен модел или развојна стратегија нема да направи никаква разлика, ниту нешто ќе им значи.

Знаењето е клучно за надминување на предизвиците што ги носи ова време. А предизвиците, како што гледаме, се огромни. Вложувајќи заеднички напори, како што правиме тука, на овој Самит и работејќи заедно, ќе можеме да најдеме решение за сé она што стои пред нас и да постигнеме напредок“, рече Ковачевски во обраќањето на Самитот за трансформација на образованието во рамки на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк.
М.Д. 
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ