• Latest

КПТ констатира подобрувања, но сè уште останува многу работа за подобри затворски услови

July 29, 2021

Во вториот круг од локалните избори евидентирани се 19.287 неважечки гласачки ливчиња

November 3, 2025
Фото: Телеграм

Најмалку 15 цивили убиени, меѓу кои 11 и 14-годишно дете и уште 20 повредени во руските напади низ Украина во изминатиот ден

November 3, 2025
Скриншот од sec.mk

Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

November 3, 2025
Скриншот од видео на
LiveNOW from FOX

Израел потврди дека Хамас ги врати телата на тројца војници кои беа држени како заложници, осум тела на израелски и странски заложници сé уште се во Газа

November 3, 2025
Фото: Црвена полумесечина на Авганистан / Х

Најмалку 20 загинати во земјотресот со магнитуда од 6,3 степени што го погоди Авганистан

November 3, 2025

Локални избори 2025: Генерално мирен процес со сериозни системски и институционални слабости — прелиминарна оценка на ЦИВИЛ

November 3, 2025
Илустрација ВИ

По двата круга на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ има 54 градоначалници, ВРЕДИ 9, СДСМ 8, НАИ 5, а ЗНАМ, ДПТ и УР по 1, две општини ќе ги водат независни кандидати

November 3, 2025

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

КПТ констатира подобрувања, но сè уште останува многу работа за подобри затворски услови

July 29, 2021 16:36
in ВЕСТИ, ПРАВДА, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Реновирање на крило на истражниот оддел на Затворот Скопје, затворање на три проблематични крила во Идризово, исполнување на долгогодишните препораки од КПТ за професионално управување со затворскиот систем и правата на вработените – се меѓу подобрувањата констатирани од Комитетот за спречување на тортура при Советот на Европа (КПТ), во најновиот извештај објавен денеска во Стразбур. Но, извештајот констатира дека сè уште се присутни голем дел од долгогодишните проблеми во условите за престој, здравствената заштита, корупција кај дел од затворските служби итн. Од Министерството за правда најавуваат уште поголеми зафати за подобрување на затворскиот систем. 

Извештајот на КПТ нагласува дека се исполнети долгогодишните препораки од КПТ за професионално управување со затворскиот систем – јасна хиерархија помеѓу администрацијата на затворот и директорите на затворите, јасен тек за управување и воспоставување одржлив систем за обука на персоналот и донесување јасни антикорупциски мерки, но за нив се вели дека се со „срамежлив“ развој. Ова особено се однесува на малото зголемување на персоналот во затворот Идризово, подобри плати, работни права за вработените во затворот и поредовни безбедносни проверки и контроли на затворските службеници што влегуваат во затворските установи.

Од друга страна, во извештајот од „ад хок“ посета на земјата од 7 до  9 декември 2020 година, КПТ нотира дел од истите проблеми кои години наназад се бележат во извештаите на ова тело на Советот на Европа: недоволен простор, нехигиенски услови за притвор во притворот во Шуто Оризари, односно нереновираните крила на затворот „Скопје“, како и во крилата со затворен режим на затворот „Идризово“.

ЦИВИЛ Медиа стапи во контакт со Министерството за правда и побара став во врска со објавениот извештај на КПТ. Оттаму велат дека изминатиот период државата презема повеќе мерки за подобрување на престој на затворените и притворените лица.

„Состојбата, која што беше затекната, бараше итни интервенции. Веднаш беа затворени крилата 2, 5 и 8 поради немање услови за престој. Во истиот затвор, следува инвестиција од 32 милиони евра, најголема досега, при што според највисоки стандарди ќе се изградат одделенија до 500 нови кревети и дополнително 412 за притворското одделение. Во склоп на оваа инвестиција предвидена и целосно нова модерна затворска болница“, велат од Министерството.

Министерството за правда исто така информираше дека во меѓувреме се реновира и затворот во Битола, а има интервенции во речиси сите затвори во земјата. „Од пред неколку месеци Северна Македонија го има најсовремениот Воспитно-поправен дом за малолетници во Волковија. Престои уште многу работа за подобрување на условите и работата на затворите, но тоа ќе биде задача од која Министерството за правда нема да отстапи“, посочуваат од Министерството за правда.

Меѓу другото, Извештајот на КПТ упатува критики за застарениот пристап кон третманот на притворениците во затворот во Скопје (Шуто Оризари) што се провлекуваат години наназад. Се забележува дека притворениците се затворени во ќелиите 23 часа на ден, а на дел од нив им се одбиваат контактите со нивните деца.  За затворот Идризово, пак, се упатуваат забелешки на непостоење на активности за осудени затвореници, како и за неквалитетна здравствена заштита за затворениците поради немање стратешки пристап од здравствените власти. Забелешки има и за недостаток на транспарентноста во управувањето со затворите, назначување на раководни лица врз основа на политичка припадност.

КПТ им препорачува на властите да воспостават јасна хиерархија помеѓу управата на затворот и директорите на затворите, повеќегодишна програма за почетни активности и обука на вработените и да ги засилат напорите за борба против корупцијата на персоналот и фаворизирање преку специфични мерки.

Освен ова, КПТ при посетите, повторно слушнал обвинувања од дел од притворениците за физичко малтретирање на осомничените за криминал од страна на полициски службеници и инспектори, кои наводно се нанесени при приведување, откако осомничениот бил ставен во состојба на послушност или внатре во полициска установа, заради извлекување признание.

КПТ ги повика властите енергично да ги истражат наводите за да се осигурат дека пораката за нула толеранција на лошо постапување со притворените лица ќе стигне до службените лица за спроведување на законот на сите нивоа. Воедно, се повикуваат властите да ги зајакнат истражните способности на специјализираниот тим на обвинители со регрутирање на група независни истражители, како и да ја зајакнат работата на примената на основните заштитни мерки, а полициските службеници посветат должно внимание и примена на законодавство и стандардното работење согласно процедурите.

Во извештајот на КПТ се посочуваат и резултатите од состаноците одржани за време на „ад хок посетата“ меѓу поранешниот претседател на КПТ, Микола Гнатовски, премиерот Заев и министерот за правда, Маричиќ, при што премиерот потсети на посветеноста на неговата Влада да осигури дека ќе бидат направени сите напори за спроведување на препораките на Комитетот. Според гледиштето на КПТ, дијалогот со властите на Северна Македонија, кој се заснова на меѓусебна доверба и разбирање, бара „конкретно дејствување“ за спроведување на многу долгогодишни препораки утврдени во извештајот. 

ЦД

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ