• Latest

Кривична пријава против еден напаѓач на екипата на порталот А1 Он

March 9, 2017
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кривична пријава против еден напаѓач на екипата на порталот А1 Он

March 9, 2017 17:50
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против М. К. (37) од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Насилство“, зашто заедно со уште едно, засега непознато лице на органите на прогонот, на 27 февруари, им нанесе телесни повреди на двајца новинари од инфопорталот А1 Он. Инцидентот се случил, според МВР, околу 18.45 часот на улица „Македонија“, пред Портата Македонија, по завршувањето на протестниот марш на група граѓани, под името „За заедничка Македонија“.

„Во моментот кога оштетените забележале повеќе лица како од Порта Македонија фрлаат  ливчиња/флаери, во форма на банкноти со текст на македонски и албански јазик, па одлучиле да го документираат настанот, им пришол М.К. со уште едно непознато машко лице и од нив побарале да се легитимираат. Оштетените одбиле, кажувајќи им дека немаат потреба да им се легитимираат ним, бидејќи тие не се службени лица. Незадоволен од реакцијата на новинарите, пријавениот прво физички го нападнал Александар Тодевски удирајќи го со боксови и клоци во пределот на главата и телото, а Владимир Желчески, бидејќи бил наведнат да ги снима ливчињата-банкноти добил удар во задниот дел од главата, по што паднал на земја, добил уште еден удар во предел на вратот со нога, а потоа паднал во бесознание“, соопшти МВР.

Насилниците веднаш избегале од местото на настанот. Повредените биле пренесени итно во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде им се констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош, се пуштени на домашно лекување.

Десет дена по нападот на новинарите, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу денеска и лично на претседателот на Здружението на новинарите (ЗНМ), Насер Селмани му ја пренесе веста за делумното расветлување на случајот.

„Сакам да пренесам порака дека никој не е над законот и дека секој што се огрешил, еден ден ќе сноси одговорност. Ние мора да ги почитуваме уставните вредности и тука сум да ја продолжиме ефективната соработка со Здружението на новинарите“, акцентираше министерот Нухиу.

Селмани пак, смета дека во Македонија се воспоставува нова практика, МВР брзо да ги идентификува напаѓачите на новинарите. Тој изрази надеж дека Обвинителството брзо ќе го процесуира
случајот и дека судот ќе го казни напаѓачот на новинарите.

„Ова е многу битно, затоа што ако институциите се на ниво на нивната задача, ќе
пратат порака до јавноста дека насилството против новинари е недозволиво и дека секој што ќе се дрзне да ги нападне, ќе биде санкциониран“, рече Селмани.

На средбата Нухиу – Селмани било разговарано и за интензивирање на активностите за расветлување на другите случаи на напади врз новинари и за водење посебен регистер за напад врз новинари, по теркот на најдобрите европски практики.

Вчера меѓународната организација „Репортери без граници“  ги осуди нападите врз македонски новинари за време на протестите во Скопје и побара власта да го расветли насилството и да гарантира безбедност на медиумските работници.

„Во овој тензичен контекст, ги повикуваме сите политичари да делуваат со воздржаност и да избегнат ексалација на насилството. Исто така, бараме властите да ја гарантираат безбедноста на новинарите, за тие да можат да си ја вршат работата како што треба“, порачаа „Репортери без граници“.

Моника Талеска

Tags: А1 ОнАгим НухиуЗНММВРнападНасер СелманиРепортери без границителесни повреди
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ