• Latest

Крстева: Не треба да очекуваме друг да одлучува за нас!

December 4, 2017
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Крстева: Не треба да очекуваме друг да одлучува за нас!

December 4, 2017 10:42
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со Весна Крстева, новинар и уредник во Канал 77 зборуваме за слободата на изразување, медиумските слободи, притисоците со кои се соочуваат како медиумска куќа и за подобрувањето на состојбите во медиумите. 

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставува слободата на изразување, медиумските слободи и во таа смисла и активизмот?

Крстева: Слободата на говорот е една од најзначајните придобивки, барем кога станува збор за човековите слободи, меѓутоа сега во услови нели на развиени социјални мрежи секој едноставно може каже што мисли, и сега тука е важна улогата и на новинарот и на медиумот, што е она што тој ќе го исфилтрира и ќе го презентира како информации и како таа информација ќе дојде до јавноста и се разбира, дали таа информација ќе претставува едно општо добро и ќе застапува интереси нечии, пред се би требало нели да бидат тие интереси на граѓаните. И сега, мора тука да потенцираме и онаа слаба нишка или една тенка линија која што постои меѓу слободата на изразување на говорот и говорот на омраза. Значи, тука е многу важно улогата на новинарот и медиумот како ќе ги исфилтрира сите тие информации, значи слободата на говорот не е само право, туку тоа е и обврска, а многу битно е кога станува збор за ова, и медиумската писменост. Како луѓето ги примаат сите тие информации, во последно време се повеќе лажни вести.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин можете да придонесете или придонесувате во борбата за слободни медиуми?

Крстева: Па би рекле со секојдневната работа, со она што ние го презентираме како информација, она што стигнува до јавноста, со нудење на еден продукт, кој што на еден начин ќе значи штитење на интересите на граѓаните. Значи, граѓанинот треба да биде во центарот, неговата улога, неговите интереси и како тоа ние ќе го презентираме и ќе придонесеме сите тие потреби на граѓаните да стигнат таму каде што треба и се разбира, да придонесеме на еден начин истите да се решаваат, на тој начин придонесуваме и нивното мислење да има некоја разрешница.

ЦИВИЛ Медиа: Дали досега сте се соочиле со некакви притисоци и како се справувате со истите?

Крстева: Па можам да кажам дека сме имале доста притисоци, директни и индиректни, на секој начин барем во медиумот во кој што работам, веќе медиумот постои 26 години, а јас тука работам 24 години. Значи имало притисоци на секој начин, дали да се згасне медиумот или пак притисоци по објавување на прилог, или за време на објавување на прилозите, се дознаваат тие работи и на некој начин се врши притисок. Во целиот тој еден период кога секојдневно нели слушавме за згаснување на одредена емисија, па и медиуми, ние на секој начин се обидувавме гласот на граѓанинот да се слуше, со самата емисија која што ја имам 26 години, емисијата Стадион, секогаш им дававме предност на граѓаните. Па и во одредени моменти кога еве можеби поради некоја причина, многу ретко, емисијата не била во можност да се емитува, се јавуваат граѓаните со прашањето – Зарем и вас ве замолкнаа?

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите препораки во контекст во борбата на слобода на изразување и медиумските слободи воопшто?

Крстева: Не секогаш нели велат дека молчењето е злато, значи ако не го дигнеме гласот, ако нема гласност, ако нема дискусија, ако нема дебата, никој нема да го слушне нашиот глас. Едностано и ние како новинари и медиумите имаат свои потреби, сето тоа мора да биде и законски изрегулирано, меѓутоа не треба да очекуваме некој друг да одлучува за нас или да се донесуваат закони во некои кабинети. Значи, гласноста е важна, се разбира и оние кои што не претставуваат, граѓанскиот активизам, значи сами секој посебно многу не може да направи, едноставно не може ништо. Но, обединети на дискусија, на еден слободен разговор мислам дека на тој начин ќе успееме да ги исполниме целите, ако не се’ барем да успееме нешто да биде компромис за сите.

Маја Ивановска
Транскрипт и обработка на текст: Ангела Петровска
Камера: Биљана Јордановска
Фотографија: Горан Наумовски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Tags: @активизамВесна КрстеваКанал 77медиумски слободислобода на изразување
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ