• Latest

Крушево живее со млади само во викенди

June 19, 2017
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Крушево живее со млади само во викенди

June 19, 2017 15:41
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Крушево е град речиси без млади луѓе! Мал е бројот на среднисти и дипломци коишто не го напуштиле градот и успеале да најдат работа, во државна администрација или во неколкуте фирми, што го претставуваат крушевското стопанство. Младите заминуваат од гратчето, неретко со билет во еден правец…

Крушево, јуни 2017

„Доаѓаме само за време на продолжени викенди. Студирам во Скопје, а брат ми се обидува да најде работа во главниот град. Овде е депресивно, нема никаква забава за млади. Пусто е, празно. Добро е што студирам, во спротивно, животот за млад човек овде е многу депримирачки“, вели млада крушевчанка, којашто инсистира на своја анонимност.
Но, нејзината младешка тага ја делат и другите врсници кои ги затекневме во неколкуте локали, при саботната посета на ова мало гратче, кое животот и економијата, главно ги темели врз туризмот.
„Младински сојуз – Крушево“ е невладина организација што со години ги следи проблемите на младите.
„Невработеноста е најголем проблем. И ќе остане сѐ додека не почне ерата на економски развој, инвестиции и нови работни места. Но, многу значајно е да им се даде можност на младите да учествуваат во процесот на донесување одлуки на локално ниво, каде ќе дојде до израз нивната креативност, идејност…. Потребни се и проекти за самовработување“, вели Методија Стојчески, претседател на невладината организација.
Во Одделот за Локален економски развој (ЛЕР) во Крушево, истакнуваат дека за период од четири години, се реализирани три поголеми инвестиции, со кои се отворени преку 400 работни места.
„Во грчката компанија за обработка на тутун ‘Секе’, покрај редовните, еве втора година, сезонски се ангажираат и преку 250 работници. Во американската ‘Маркнорт-Америка’ за производство на медицински масла од cannbis sativa, за еден месец ќе бидат остварени 100 вработувања, а веќе четврта година во конфекцијата ‘Фалко’, работат 70 текстилци“, вели Коста Мицкоски, раководител на Одделението за ЛЕР.
Градоначалникот на Крушево, Ѓорѓи Дамчески, истакнува дека заложбите на Општина Крушево се токму во правец на решавање на, како што вели, најгорливото прашање за градот, невработеноста.
„Вложивме максимални напори и ја отворивме индустриската зона ‘Опаленик’, каде што половина од вкупно 12 хектари земјиште, е откупено од компанијата ‘Секе’. Реализираните инвестиции досега се и како резултат на нашата подготвеност да излеземе пресрет на барањата на инвеститорите, а и нашите планови се во тој правец, да ги создаваме како Општина, сите предуслови за стимулирање на потенцијалните инвеститори своите бизнис планови да ги реализираат овде, во Крушево“, акцентира Дамчески.
Според Агенцијата за вработување во Крушево се евидентирани 980, но според познавачите на приликите реално се невработени 1.400 лица. Од нив третина се млади луѓе.
Од некогашните 5.330 граѓани, регистрирани со пописот, како последица на ‘белата чума’ и иселувањето, денес бројот на жители е за 2.000 помалку!

Tags: „бела чума“ГрадоначалникЃорѓи ДамческиКоста МицкоскиКрушевоЛЕРмладиМладински сојуз-КрушевоневработеностОпштина Крушево
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ