• Latest

Кржаловски: Изгубивме многу време не зборувајќи за патриотизмот и национализмот

September 15, 2018

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кржаловски: Изгубивме многу време не зборувајќи за патриотизмот и национализмот

September 15, 2018 12:31
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„После толку години успеавме да постигнеме договор со Грција, но, за жал, не успеавме меѓу себе да се договориме. Рефлектирам на тоа дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не успеале да се договорат ниту за референдумското прашање, а не за нешто повеќе. Жално е што ги пропуштивме сите овие години како граѓанско општество да помуабетиме за патриотизмот, особено кога беше актуелна претходната влада кога имаше поделби на патриоти и предавници“, истакна Александар Кржаловски од МЦМС, на панел дискусијата „Патриотизам – да! Национализам – не!“ која ja организираше ЦИВИЛ – Центар за слобода.

„Со договорот со Грција повторно доаѓаме во ситуација кој е предавник а кој е патриот. Мислам дека доколку партиите меѓусебно се договараа ќе имавме подобар договор, сега сум сигурен дека од овој договор подобар нема да има, бидејќи се објавени позициите. Од друга страна е добро што имаме договор и сега сме ставени пред тежок избор да вагаме дали придобивките од договорот за членство во НАТО и ЕУ се добри за жртвата што ја правиме“, потенцира Кржаловски.

„Ние правевме две анкети за референдумот, и едната е дека има стабилна подршка „за“ референдумот, околу 41 посто, но не е доволно за цензусот на референдумот, иако околу 58 посто рекоа дека ќе излезат на гласање… Во Брегзит од 65 милиони се регистрирале дека 45 милиони ќе излезат на гласање, меѓутоа излегоа само 33 милиони, околу 12 милиони не излегоа на гласање. На крај резултатот беше 17 спрема 16 милиони, значи тие 17 одлучиле за 65 милиони жители“, нагласи тој.

„За разлика од Брегзит каде што граѓаните одлучуваа „за“ и „против“ кај нас се отвори можност за бојкот, пред сè поради неодлучноста на ВМРО-ДПМНЕ. Во втората анкета се покажа дека расте бројот на граѓани кои ќе бојкотираат, односно 29 посто“, рече Кржаловски.

Тој ги повика граѓаните да си го оствари правото на глас, без разлика како ќе се изјаснат.

„Веројатно ќе победи гласот „за“, меѓутоа не се знае дали ќе се постигне цензус“, додаде Кржаловски.

Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа и фотографија: Биљана Јордановска


Текстот е дел од проектот „Патриотизам ДА, национализам НЕ!“ што го спроведува ЦИВИЛ со поддршка од Цивика мобилитас. Содржината на овој текст е единствена одговорност на ЦИВИЛ и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Цивика мобилитас, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) или организациите што ја спроведуваат.

Tags: Александар КржаловскиМЦМСнационализам-непанелпатриотизам-даЦивил
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ