• Latest

КСС е против зголемување на старосната граница за пензионирање

February 13, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

КСС е против зголемување на старосната граница за пензионирање

February 13, 2018 13:04
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) не го поддржува предлогот за зголемување на старосната граница за пензионирање, затоа што смета дека тоа нема значително да придонесе кон зголемување на пензискиот фонд, како и дека негативно ќе влијае врз работниците, компаниите и економијата. Зголемувањето на придонесите за два отсто би можело да се прифати доколку постои консензус со организациите на работодавачите преку разгледување на краткорочните и долгорочните импликации од реформата.

– Македонија како земја која се наоѓа на последно место во Европа според „одржливиот квалитет на живот“, а како дел од индикаторите кои го определуваат квалитетот на живот се распространетоста на болестите, стапката на невработеност, очекуваниот животен век, состојбата на животната средина, не смее да дозволи работникот дополнително да се оптоварува и со зголемување на старосната граница за пензионирање. Напротив треба да се воведе бенифициран стаж за трудоинтензивните нископлатени работни места и да се воведе можност за предвремено пензионирање под други услови, се вели во соопштението од КСС.

Оттаму сметаат дека е потребно системски да се работи на унапредување на одржливоста на пензискиот систем и тоа преку повеќе политиким како што се зголемување на стапката на вработување преку активните мерки и тоа вработување на работни места надвор од најниско платените, преку намалување на обемот на неформалната економија со различните форми на стимулирање и поддршка на формализација на неформалните економски активности со што стапката на вработени наспроти пензионерите ќе се зголемува.

КСС исто така, смета дека зголемување на пензиите треба да има, во одржливи рамки бидејќи во минатото, а и денес дел од нив се социјални категории.

– Во Македонија повеќе од половина од пензионерите се приматели на минималната пензија, а само околу 5 отсто се приматели на пензија повисока од просечната плата. Стареењето на населението не треба да се гледа како главен проблем за одржливоста на пензискиот фонд, треба да се донесат стратегии за поттикнување и на третиот столб со цел зголемување на неговото влијание врз пензиските приходи, се вели во соопштението.

Согласно одредени анализи со отпочнување на исплатата на пензиите од вториот и третиот пензиски столб, првиот столб ќе биде растеретен и најодржлив, а во меѓувреме треба да се изнајде модул за одржливост на пензискиот фонд во следните 15 години преку најразлични одржливи мерки, а притоа да се води сметка тие да немаат влијание врз стопанството и економијата, а особено со мерки за намалување на невработеноста што секако е главниот параметар за одржливост.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: КССпензионирањепредлогстаросна граница
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ