• Latest

КСЗД: Четири општи препораки до институциите за отстранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост

December 3, 2021
Тони Поповски, панел „Демократско назадување: Импликации и последици“, Скопје, 9 октомври 2025
Фотографија: Б. Јордановска - ЦИВИЛ

Поповски: Клиентелизмот е сржта на уназадувањето на демократијата

October 16, 2025

Рускитe злосторства продолжуваат: Терор со студ и темнина

October 16, 2025

Навреди во Битола: Кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја прогласи ‘нусето Габриела’ за умрено!

October 16, 2025

Хакери ја „срушија“ МРТВ? Наместо вести и политика – кулинарска емисија и филм!

October 16, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ привремено ги прекинуваат блокадите, очекуваат фер, транспарентно и непристрасно судење

October 16, 2025

Орданоски: Либералната демократија се распаѓа под тежината на сопствените митови

October 16, 2025
Ленче Ристоска. Фото: МЕТА.МК

Ленче Ристоска побара јавно извинување од ВМРО-ДПМНЕ за притисокот и заплашувањето бидејќи како обвинителка, постапува по два предмети во кои е инволвирана партијата

October 16, 2025

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почнува на 19 ноември

October 16, 2025

ДИК дистрибуира 4.613.438 гласачки ливчиња, најдолгото ливче половина метар

October 16, 2025

Одбрана на демократијата: Боиште на вистината – Национална прес конференција (08.10.2025)

October 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

КСЗД: Четири општи препораки до институциите за отстранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост

December 3, 2021 15:00
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо со формални честитки за одбележување на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација реши на овој ден посветен на најмаргинализираната група во нашето општество, да дејствува проактивно и објави општи препораки до институциите.

-Препораките ги носиме врз база на претставки што сме ги работеле и сме заклучиле дека со истиот проблем се соочуваат поголем број лица. Тогаш законот ни овозможува самоиницијативно да упатиме општа препорака и да го следиме нејзиното спроведување. За жал, мислам дека многу слабо се напредува во заштитата на постојните права и нивното унапредување, изјави на денешната прес-конференција претседателката на Комисијата, Весна Бендевска.

– Главно и основно, во државата се уште нема регистар колку лица со попреченост има, во кои делови и со каков вид на попреченост се соочуваат. Но, не сметам дека работите  треба да се остават така, сите заедно можеме да придонесеме. Ги охрабрувам и здруженијата, и самите лица да се охрабрат и да поднесуват претставки, додаде Бендевска.

Комисијата објави четири општи препораки до институциите за отстранување на системска дискриминација кон лицата со попреченост, со цел унапредување и заштита на правата обезбедени со ратификацијата на конвенцијата на ОН за права на лицата со попреченост.

Првата општа препорака се однесува на унапредување на правото на здравствена заштита, и пристапот до вакциналните пунктови на лицата со попреченост во услови на пандемија. Се препорачува на Министерството за здравство во најкус можен рок да ја исполни клучната обврска содржана во точка 45д. од Акцискиот план за 2021 година, изработен од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост за обезбедување достапност и пристапност до здравствените установи и здравствените услуги, со отстранување на физичките препреки до здравствените установи, особено до вакциналните пунктови. Исто така, се препорачува на МЗ да преземе мерки и активности за информирање на лицата со попреченост во однос на процесот на имунизација во формати прилагодени на нивните специфични потреби.

Уште една препорака до МЗ е да организира процес за издавање на соодветни потврди на лицата со попреченост кои поради здравствената состојба не смеат да се вакцинираат. Се препорачува на Комисијата за заразни болести да предложи до Владата усвојување на посебен пакет мерки за ефикасна здравствена заштита и начин на имунизација на лицата со попреченост, а тие мерки да ги земат предвид видот и степенот на попреченост како и здравствената состојба на секое лице во услови на пандемија со КОВИД-19.

Втората е насочена кон унапредување и заштита на човековите права и достоинство на осудените лица со попреченост и почитување на нивниот физички и ментален интегритет за време на издржувањето на казните во казнено-поправни установи и казнено-поправните домови. За таа цел, се препорачува Министерството за правда да подготви и предложи дополнувања на Законот за извршување на санкции со кои ќе предвиди законско прецизирање на класификацијата и начинот на третман на осудените лица со попреченост во зависност од степенот и видот на попреченост, нивните специфични права за време на извршување на санкцијата, минималните стандарди за хигиенско-санитарните услови во просториите каде ќе бидат сместени за време на издржувањето на казната како и посебните права од здравствена заштита на овие лица и во согласност со истите да подготви измени и дополнувања на Правилникот за распоредување, класификација и разместување на осудените лица во казнено-поправните установи и казнено-поправните домови.

Понатаму, се препорачува Управата за извршување на санкции да изготви акциски план за мерки и активности и да обезбеди финансиски средства за овозможување на целосна инфраструктурна пристапност на и во објектите во кои се сместени осудените лица со попреченост што ќе им обезбеди слобода на движење со медицинските помагала, како и мерки и активности за реконструкција на санитарните јазли и соодветни хигиенски услови во истите.

Се препорачува Народниот правобранител кој дејствува како Национален превентивен механизам чија основна задача е превенција на тортура и друг вид сурово, нечовечно и понижувачко постапување или казнување, да изврши вонреден надзор во казнено-поправните установи за да го утврди бројот на лица со попреченост кои издржуваат затворска казна и условите во кои се сместени, како и квалитетот на здравствените услуги што им се обезбедуваат.

Третата општа препорака од КСЗД е до Државната изборна комисија, во најкус можен рок да ги преземе сите потребни дејствија во насока на обезбедување на пристапност и соодветно приспособување на гласачките места, со што ќе се овозможи еднаков пристап на лицата со физичка попреченост до и во гласачките места ширум земјата. Овие мерки и дејствија треба да обезбедат гласачките процедури, објекти и материјали да се соодветни, пристапни и разбирливи за лицата со попреченост, со цел остварување на правото на учество во јавниот и политичкиот живот на лицата со попреченост на еднаква основа со другите.

И последната, четврта општа препорака објавена денес се однесува на имплементацијата на одредбите содржани во Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во соодветното домашно законодавство со цел да се обезбеди и промовира остварувањето на човековите права и слободи на сите лица со попреченост без каква било дискриминација врз основа на попреченост.

Се препорачува Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост да подготви годишен извештај за реализација на Акцискиот план за работа 2021 година, а при изготвувањето на планот за 2022 година, да предвиди обврски на ресорните министерства да започнат процес на измени и дополнувања на постоечките ресорни закони со кои ќе се транспонираат одредбите содржани во Конвенцијата, а се однесуваат на тие ресори.

На Владата и се препорачува да ги усвои предложените измени и дополнувања на законите и да ги достави до Собранието на усвојување, кое треба да ги процесира овие измени и дополнувања  на законите во скратена постапка, за да стапат во сила , доколку е можно, во текот на 2022 година., додека на  МТСП се препорачува во најкус можен рок, да започне со активности за формирање Регистар на лица со попреченост според степен и вид, за да може да се проектираат реални и ефикасни политики во насока на унапредувањето на правата на лицата со  попреченост загарантирани во Конвенцијата.

– Кога ја лоцираме оваа популација како најмаргинализиран дел, тоа значи подигнување на летвичката на повисоко ниво, и сериозна работа, да почнеме со имплементација на одредбите во законите, а потоа , кога се законски утврдени надлежностите, да се бориме за нивните права, изјави Бендевска во одговор на новинарско прашање.

Драган Мишев

Камера и монтажа: Ариан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    162 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ