Кукаст крст и погрдни зборови синоќа осамнаа на спомен обележјето на споменикот на Јосип Броз Тито на плоштадот во Куманово. Вандализмот се случил вчера, на 25-ти мај, денот кога во поранешна Југославија се одбележуваше Денот на младоста.
Градоначалникот на општината Максим Димитриевски споедлувајќи фотографија на социјалните мрежи, го осуди чинот и побара надлежните да ги пронајдат сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата.
„Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ, ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија да ние денеска живееме во слободна и независна држава Република Македонија“, додаде градоначалникот.
Тој упати благодарност до вработените на ЈП Чистота и зеленило што повторно го вратија сјајот на оваа спомен обележје веднаш по вандализмот кој го стори несовесен граѓанин, додавајќи – Никогаш да не се повтори!
Д.Муратов