Како што ви ветив, секој нов ден носи нови санкции, оружје и изолација на Русија. Веќе пристигнаа противтенковски оружја, опрема за противвоздушна одбрана, муниција за сите видови оружје и артилерија, автомобили, панцири, гориво, десетици позиции со оружје и муниција. Ќе има уште повеќе. Главнo е да стоиме цврсто и да го држиме Киев, стои во соопштение од министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба.
„Претседателот на САД Бајден синоќа разговараше со претседателот Зеленски и донесе одлука веднаш да се доделат 600 милиони долари за Украина: 250 милиони долари за општа помош и 350 милиони долари за воена помош. Белата куќа побара од Конгресот да се доделат 6,4 милијарди долари за поддршка на Украина, од кои 3,5 милијарди долари за одбрана.
Путин и Лавров лично се вклучени во санкции на ЕУ. Соединетите држави и другите ќе ги вклучат и во нивните санкции наскоро. Веќе се работи на нов пакет санкции од ЕУ.
Руските банки, компании, стоки буквално се исфрлаат од полиците, финансиските системи, берзите. Русија е лишена од спортски и забавни настани – Лигата на шампиони и Евровизија. Овој бран мора да се издигне како цунами. И ние работиме на тоа.
Голем број земји веќе го затворија воздушниот простор за руските авиокомпании, а денеска ќе ги има уште повеќе. Светските отпадници ќе мора или воопшто да не летаат или да прелетуваат преку пола свет. Неколку земји од ЕУ престанаа да издаваат визи за Русите.
Гранатирањето на зградата на улицата Лобановскиј во Кијив ќе биде една од епизодите во истрагата за воените злосторства на Русија пред Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Соодветниот правен процес веќе е во полн тек. Ние веќе работиме на тоа.
Во Советот за безбедност на ООН, за време на обидот да се утврди резолуција, Русија очајно се обидуваше да не остане единствената земја која ќе стави вето. Тоа не ѝ успеа. Дури и блиските пријатели се воздржуваа од отворено застанување на страната на Русија.
Дипломатијата одржува целосна мобилизација и работи деноноќно во воен режим на утврдување на конкретни големи одлуки од страна на партнерите.
Упорноста на Украина секој час привлекува сè повеќе и повеќе партнери на меѓународната коалиција да ја бранат Украина и светот. Коалицијата станува се поголема, посилна и порешителна.
Му благодарам на секој војник на Одбранбените Сили на Украина, вклучително и на секој цивил кој зеде оружје во раце за да ги брани своите градови, нашата земја. Ние нема да ве изневериме, порачува Кулеба.