• Latest
НОВА МОСКОВСКА НАСЕЛБА | Има многу нови станови, ама кој ќе се всели во нив?

Купувачите на станови во Москва завршуваат често на суд, на протести или во водите на некое езеро

January 10, 2020

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Купувачите на станови во Москва завршуваат често на суд, на протести или во водите на некое езеро

Годишно во бизнисот со станови во рускиот главен град се прави обрт вреден 29 милијарди долари годишно. Има многу измамени  - во судовите годишно се поднесуваат 38 илјади тужби по овој основ а руската мафија често прави тужители да нема – удавени се во езерата северно од Москва...

January 10, 2020 10:38
in СВЕТ
НОВА МОСКОВСКА НАСЕЛБА | Има многу нови станови, ама кој ќе се всели во нив?

НОВА МОСКОВСКА НАСЕЛБА | Има многу нови станови, ама кој ќе се всели во нив?

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Во еден од водичите за Москва за странци, кој го нема во официјалните изданија, стои советот да го држите јазикот за забите кога ќе ви ја отворат темата за тоа каде сте сместени. А тоа секако ќе го добиете како прашање во првиот погоден момент, било да се возите во метрото подолго од една станица, чекате некаде на ред, да речеме, за да добиете место во ресторан, па некој ќе се заинтересира за тоа каде сте сместени, дали станот е ваш или сте го зеле под закуп, имате ли намера да го продавате или издавате и слично.

Адресата е секако можност кон вас да изразат восхит и таа да се претвори во завист а ако се жалите на просторот каде сте сместени исто така не е добара опција – во првиот случај, кога восхитот станува завист па тоа се претвора во размислување на љубопитниот како да се извлече корист од изнесениот факт; во вториот случај, исто така се пројавува интерес некој да ви подметне „подобро решение“…

Обртот на капитал во бизнисот со станови во Москва, според Евгениј Гондмахер, професор на Московскиот универзитет изнесува 29 милијарди долари годишно. Тој бизнис е преполн со ризици и неизвесности, па заради комплицираните прописи, корумпираното судство, банките и не се обидуваат да стават акцент на осигурувањето на клиентите, вели професорот во интервју за новинарот Ендрју Крамер од Њујорк тајмс.

Главни актери во бизнисот со станови се мафијата и психијатрите. Како?

Агенциите за недвижности инсистираат на потврда дека клиентот е нормален, што и да значи тоа, а кога истиот ќе донесе валидна потврда, може да биде измамен, бидејќи, ете, знаел што потпишува. Се чини дека за измамниците постои опасноста, ако судот утврди дека некој е измамен, а не бил свесен за тоа. Ама ако е нормален…

Еве го случајот со еднособниот стан на Елена Котова на периферијата на Москва. Таа, сопругот и малиот син имале тесен стан. И сопругот и таа, имаат безбедни работни места, таа работи како економист, а тој е менаџер во градежна компанија. Време било за промена. Тие нашле стан со две спални и клиент за стариот стан.

Како што се приближувал денот на договорот, овој пар морал да направи друга работа. И двајцата мораа да добијат потврда од психолог дека се здрави.

„Тие ќе сакаат да ја проценат нашата психолошка состојба. Ако сè е во ред, ќе ни го дадат потребниот документ”, се сеќава Елена. Сертификатот што докторот треба да го потпише и да стави печат служи навидум како правна заштита од измама.

Обично размените, како во случајот, одат преку агенти за недвижности кои ја користат секоја тактика за да ја камуфлираат операцијата со која клиентите остануваат без пари или недвижен имот во Москва, а често и без двете работи. По овој основ, само во Москва има над 38 илјади тужби, а Крамер во своето истражување тврди дека купувачите губат пари, а продавачите задржуваат недвижен имот и продажни агенти и судиите, кои често се вклучени во шемата, добиваат милиони рубли. Ама Котови, нели, биле нормални и требало да се заштитат од измамата!?

Кои се најчестите измами?

БАНКРОТИРНА ФИРМА | Во овој стан на фирма која банкротирала купувачот вложил 100 илјади долари

Прво, фирмата што гради да пропадне, како кај нас шемата со Фиком, на пример. Инвеститорот бара исплата на цената во претпродажба, обично со реклама за голем попуст. Започнува градбата, ама во мигот кога ќе се соберат доволно „станари“ градителот оди во банкрот, а парите исчезнуваат.

Вториот метод е далеку посуров и тој претпоставува дека постои интерес за размена на помали, во самата Москва, за поголеми станови во Подмосковието. Мета се постари двојки на кои им е тешко и скапо да живеат во „лудата“ Москва и ја прифаќаат понудата на камуфлираната мафија, преку нивна агенција, регистрирана за таква замена. Старите двојки, кои немаат блиски околу нив, дури и додаваат пари за тие размени. Кога старците ќе ги завршат сите формалности, групно се носат да си ги видат „дачите“. По обиколката на градилиштето тие добиваат заеднички ручек, а потоа со кајче се шетаат по блиското езеро, инаку составен дел од атрактивноста на „понудата“. Потоа, истите се убивани и во пластични кеси фрлени од кајчињата во водата!

– Чекав околу десет минути, а кога веќе немаше знаци на живот, заминав – изјавил еден од „агентите за недвижности“, Роман Шугајев, за полицијата, кога објасни како ги убил своите клиенти.

Државната телевизија објавила дека во 2017 година, група посредници со станови киднапирале 30 муслимани во период од осум години, го контролирале нивниот имот (станови), а тие биле користени како робови на оддалечена фарма.

Многу често, оние кои се измамени не можат да си го повратат влогот, бидејќи руските судови не решаваат во нивна корист.

Ако сакате да ја поништи продажбата обично е доволно да се каже дека тие, продавачите, биле пијани или со привремено лудило во времето на потпишувањето на договорот.

АНАЛИТИЧАР | И како професор, и како дел од цивилниот сектор и како банкар, Евгениј Гондмакер ги знае сите методи на градежната мафија

Антонина Паривова, психолог, вели дека верувањето во врска со пресметливоста, се заснова на тоа дали некое лице размислува рационално или претрпело оштетување на мозокот. Испитаниците мора да ги исполнат едноставните задачи, како на пример да нацртаат часовник кој го покажува точното време. Тие реагираат на логички прашања, како што е она што е сличноста меѓу маса и столица (кај обата предмети се работи за парчиња мебел).

Д-р Парикова вели дека ако проценката е негативна во документот, се запишува: „Трговијата со недвижности е контраиндицирана“.

Во Москва, а според српските медиуми, сега и во Белград постои и т.н. погребална мафија. Што работи таа? Се интересира кај погребниците дали социјалните случаи за кои нема кој да ги плати трошоците за погреб имаат недвижност и едноставно, со фалсификувани документи или со сила, ако налета некој евентуален наследник, тие станови се преземаат, некогаш и на име на „долгови“.

Додека продавачите се навистина честопати измамени, руските судови, во согласност со советските практики кои гарантираат домување на сите граѓани, имаат тенденција да им помогнат, да судат во нивна корист доколку преживеат и поднесат тужби. Продавачот на стар стан може да бара измама и да тврди дека договорот го оставил без покрив над главата.

За да избегнат пресуда, оние кои го купиле, а не го платиле стариот стан или требало да дадат нов, се бранат дека биле пијани или привремено луди за време на потпишувањето.

Овие пресуди се сметаат за урнек како агентите да побегнат од пресудата и да продолжат да прават нови измами. Сега, реномирани агенти, бараат сертификат за разумност, а понекогаш и медицинска сестра која во мигот на потпишувањето на договорот ќе потврди дека присутните немаат алкохол во крвта.

 

*

Професорот Евгениj Гондмахер (Yevgeny Gontmakher), цитиран погоре, е воедно и сопственик на банка (ВТБ) во Москва и е сведок на низа вакви измами. Роден е во Лавов, доаѓа од цивилниот сектор кој се бавел со заштита на невини купувачи, а своевремено бил и на високи позиции во Министерството за труд. Новинарот Ендрју Крамер е постојан дописник на „Њујорк тајмс“ во Москва. За изработка на овој прилог, користено е новинарското истражување објавено на Њујорк Тајмс (Selling Real Estate in Russia? Are You Crazy?).

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ