Косовскиот премиер Албин Курти на својот Твитер профил доцна синоќа објави дека имал телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеп Борел на актуелни теми, вклучително и постизборниот процес во општините на северот на Косово.
Имав повик со Високиот претставник, потпретседателот Јосеп Борел во однос на актуелните прашања, вклучително и постизборните во четирите општини на север. Нагласив дека избраните градоначалници ќе даваат услуги за сите граѓани, напишa Курти.
Had a call with HR/VP @JosepBorrellF regarding current issues, including post-elections in the four municipalities in the north. Emphasized that elected mayors will provide services to all citizens.
Important to intensify dialogue for full implementation of the Basic Agreement.
— Albin Kurti (@albinkurti) May 28, 2023
Тој исто така нагласи дека е важно да се интензивира дијалогот за целосна имплементација на Основниот договор помеѓу Србија и Косово.
М. Д.