• Latest

Куртиш: Балансерот претставува проблем за заедниците при вработување

May 19, 2021

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Куртиш: Балансерот претставува проблем за заедниците при вработување

May 19, 2021 16:03
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Јас сум релативно нов директор во Агенцијата, поточно пет месеци, и наследив една агенција со луѓе и ходници со отворени врати, луѓе што имаат огромна соработка со невладините организации, со други институции, во врска со најбитните пет гранки во врска со нашето општество односно со образованието, културата, правичната застапеност во јавната администрација, употребата на јазиците и симболите, медиуми на јазиците на заедниците, вели директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран  Куртиш, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“.

Сите креирани политики во врска со помалубројните заедници, контактирани сме од сите институции. Со донесувањето на новиот закон за образование, што е во тек, поточно за дигитализацијата, каде што имавме некои спорни моменти, му дадовме препораки на Министерството за образование и наука, за коишто мислиме дека ќе биде подобри за заедниците. Имаме одлична соработка со Министерството за култура,  и управата за култура при Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Во врска со правичната застапеност во јавната администрација, во послединте две –три години гледаме дека има подобрување. Новите бројки од Министерството за информатичко општество и администрација  можеме да ги презентираме тука. Ние ги претставуваме заедниците кои се спомнати во преамбулата на Република Северна Македонија, а тоа се Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, и за жал стојат уште околу дваесет заедници кои не се спомнати, а стојат како „други“ во преамбулата.

До крајот на 2020 година, Турци во јавната администрација, се вработени 2437, односно 2,18 проценти, Роми има 1578, односно 1,41 процент, Срби 1295, односно 1,16 проценти, Бошњаци 567, односно 0,51 процент, и Власи 551, односно 0,49 проценти.

Бројките секоја година се подобруваат, но за жал, според Рамковниот договор, треба  уште  многу да работиме во овој случај, и секојдневно ги следиме состојбите во оваа болна тема за заедниците. Бидејќи, како што ви е познато, во денешницава имаме балансер за вработување. И тоа, нам како припадници на помалубројните заедници, јас и припаѓам на турската заедница, ни претставува проблем при вработување. Но со тек на времето, мислам дека ќе се најде решение за надминување на оваа пречка.

Имаме еден Европски проект којшто помина многу добро, и со тој проект успеавме да  посетиме околу 70% од училиштата  во руралните средини, и добро е да се оди на лице место да се истражат работите.

За дискриминацијата и како се справуваат заедниците со надворешната но и внатрешната дискриминација, Куртиш вели дека секогаш најпрво треба да се почне од себе.

-Ние како институција прв пат од формирањето во 2008, или од почетокот во 2010 година, поделивме државни пари за поддршка на невладини организации на заедниците. И со задоволство можам да кажам дека успешно ја истеравме работата, со професионалци вработени во Агенцијата, и можам да кажам дека имавме претставници од сите заедници кои аплицираа. Поддржавме околу 15 проекти, и во тие петнаесет проекти се најдоа сите заедници, вели меѓу другото директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците на панелот на ЦИВИЛ  „Еднаквост, недискриминација и мултикултурализам во Северна Македонија: Состојби, предизвици и перспективи“.

Дијана Тахири

Камера: Атанас Петровски

Монтажа: Ариан Мехмети

Фотографија: Биљана Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ