Кувајт поднесе предлог резолуција до Советот за безбедност на Обединети нации со која се бара да се осуди „на најсилен можен начин“ употребата на сили од страна на Израел врз палестинските цивили.
Во предлог резолуцијата се повикува СБ да преземе мерки „за гарантирање на безбедноста и за заштита на цивилното палестинско население“, вклучително и распоредување на „меѓународна заштитна мисија“.
Во документот се бара Израел „под итно да ги прекине воените репресии, колективноро казнување (на Палестинците) и незаконската употреба на сила против цивилите, вклучително и во Појасот Газа“.
Во протестите организирани од Хамас во Појасот Газа убиени се над 110 Палестинци.
Ако предлогот резолуцијата биде ставена на гласање се очекува САД ќе стават вето. (МИА)