• Latest

Лајчак: ЕУ и Балканот мора сериозно да го сфатат проширувањето

May 9, 2023

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Лајчак: ЕУ и Балканот мора сериозно да го сфатат проширувањето

May 9, 2023 11:07
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во земјите од Југоисточна Европа поддршката за влез во ЕУ се намалува бидејќи жителите веруваат дека таа не сака да ги прифати, но има партнерски програми преку кои и овие земји можат да учествуваат во заеднички теми како што е „зелениот план“ и дигитализација, изјави Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ- и за Западен Балкан, во интервју за Хина, пренесува МИА.

Поминаа 20 години откако ЕУ и југоисточните земји по првпат во заедничка декларација изјавија дека „иднината на Балканот е во ЕУ“. Од тој состанок во Солун во 2003 година, само Хрватска стана членка во 2013 година.

– Мое лично мислење е дека Европа мораше да го „свари“ огромното проширување во 2004 и 2007 година. Тоа донесе многу позитивни ефекти но и елементи кои ја искомплицираа ЕУ, особено затоа што и е потешко да носи едногласни одлуки со 28, или сега со 27 земји, отколку кога ги имаше 15, рече Лајчак, 60-годишен словачки дипломат.

– Некои земји отстапија од европските норми и вредности, што исто така генерира скептицизам кон натамошното проширување. Понатаму, објективно гледано, Европа се соочи со повеќе кризи кои не беа ниту планирани ниту очекувани, како што се финансиската криза, миграцијата и Брегзит. Сето ова го спушти проширувањето пониску на агендата. Јавното мислење во многу западноевропски земји не беше позитивно за отворањето на пазарот на труд за нови членки, па политичките лидери не сакаа да промовираат натамошно проширување“, додаде Лајчак.

Тој разговараше со Хина во Грција, каде што учествуваше на економскиот форум во Делфи. Токму под грчкото претседателство со ЕУ, пред две децении им вети членство на Црна Гора, Србија, Северна Македонија, Албанија и БиХ. Шестмесечното претседавање со ЕУ од 1 јули ќе го преземе Шпанија, која исто така го поддржува членството на овие земји.

– Земјите од Западен Балкан, за разлика од земјите од Централна Европа, сè уште имаат нерешени прашања од минатото кои продолжуваат да ги преокупираат. За мојата земја (Словачка) и остатокот од Централна Европа, интеграцијата во ЕУ беше апсолутен приоритет, така што бевме целосно посветени тоа да го постигнеме, рече Лајчак.

Северна Македонија прво беше блокирана од Грција поради нејзиното име, а кога додаде „Северна“ на името, беше блокирана од Франција пред своите локални избори, а потоа од Бугарија, оспорувајќи го нејзиниот национален идентитет и јазик. ЕУ дури во 2022 година заеднички ги отвори преговори со Северна Македонија и Албанија, му посочи Хина на специјалниот претставник.

– Не сакам да зборувам за нечија вина, но имаше фактори и од страната на ЕУ и од балканската страна кои нас не доведоа до ситуација да зборуваме за иднината на ЕУ, но без напредок, рече Лајчак.

„Но, сега, по руската агресија против Украина, гледаме дека и ЕУ и Балканот мора сериозно да го сфатат проширувањето. Ова не може да се постигне ако едната страна го сфати сериозно, а другата не“, додаде тој.

Во разговорот со Хина, Лајчак се осврна на напредокот кон ЕУ на Црна Гора, посочувајќи дека таа е најнапредна , но побара земјата помалку да се занимава сама со себе, а повеќе со европската агенда. За Србија беше посочено дека досега отворила 22 од 35 поглавја, но досега затворила само две. Во БиХ, која во декември минатата година доби статус на кандидат, ситуацијата останува компликувана.

Лајчак, пак, вели дека е „неблагодарно да се зборува“ за датумите на следното проширување на ЕУ.

„Но, она што би сакал да го видам е нашите партнери од Западен Балкан да почнат да учествуваат повеќе во програмите за партнерство на ЕУ. Да бидат во иста просторија. Не само кога разговараме за Западен Балкан, туку и да бидат дел од дискусијата за други теми, да видат дека сме сериозни со нив“, вели тој.

„Кога, на пример, ги прашуваме за мислење за Зелениот план, за дигитализацијата и другите области за кои разговараме, за да се навикнеме. Треба да ја освежиме методологијата, без да ја менуваме, не барам да менуваме повелби или документи затоа што тоа ќе не чини време. Но, во постојните структури мислам дека има простор што треба да го искористиме за да го доближиме Западен Балкан“, додаде тој.

Лајчак често патува во земјите од Југоисточна Европа и вели дека „не видел дека луѓето таму не сакаат да бидат дел од ЕУ“.

„Но, видов луѓе кои се плашат дека ЕУ не сака да ги види во своите редови. ЕУ дефинитивно има позитивен имиџ во регионот, но поддршката за европската интеграција паѓа, едноставно затоа што луѓето се плашат дека ЕУ е несериозна“, рече тој.

„Тоа мора да се промени. ЕУ мора повеќе да разговара со регионот како партнер, а помалку да му дава лекции“, додаде тој во интервјуто за Хина.

Tags: БалканЕУизјаваинтеграцииЛајчак
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ