Ноќта на Свети Никола, русија повторно изврши ракетни напади на територијата на Украина, меѓу другото окупациски сили ја нападнаа критичната инфраструктура на Кијивската и Миколајивската област со повеќе од 30 камиказе дронови од иранско производство Shahed-136/131, напиша украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир на Твитер.
Ноќта на Свети Никола, ?? повторно изврши ракетни напади на територијата на ??, меѓу другото ?? окупациски сили ја нападнаа критичната инфраструктура на Кијивската и Миколајивската област со повеќе од 30 камиказе дронови од ??производство Shahed-136/131 – #russiaIsATerroristState pic.twitter.com/Rkpa1LsHrY
— Larysa Dir (@dir_larysa) December 19, 2022
Неколку експлозии одекнаа во областите Соломијански и Шевченкивски во главниот град на Украина, Кијив, за време на напад со беспилотно летало рано во понеделникот, 19 декември, изјави градоначалникот на Кијив, Виталиј Кличко, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Се слушнаа неколку експлозии во областите Соломијански и Шевченковски во главниот град. Сите служби работат на терен“, напиша градоначалникот.
Кличко вети дека подоцна ќе ги открие деталите.
Серхи Попко, шефот на градската воена управа во Киев, пак, на Телеграм објави дека главниот град издржал неколку бранови напади од беспилотни летала од иранско производство. Во воздушниот простор на Кијив се регистрирани повеќе од 20 непријателски летала. Силите за противвоздушна одбрана уништија околу 15 од нив.
„За жал, беше погоден дел од критичната инфраструктура. Итните служби ги елиминираат последиците. Информациите за жртви и разурнувања се разјаснуваат“, рече Попко.
Подготви: Д. Мишев