• Latest
фото: Џабир Дерала

Латас на ТВ Алфа со серија дезинформации за „Скопје 2014“

October 3, 2021
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Латас на ТВ Алфа со серија дезинформации за „Скопје 2014“

October 3, 2021 10:03
in АНАЛИЗИ, ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
фото: Џабир Дерала

фото: Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ

Драган Павловиќ Латас, долгогодишен медиумски уредник, во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ, емитувана на 28.09.2021, изнесе серија дезинформации поврзани со „Скопје 2014“ и потрошените народни пари за овој проект.

Според Павловиќ, во проектот биле потрошени скоро 200 милиони евра за булевари и инфраструктури, а за споменици и украсни фасади неполни 20 милиони.

„На еден од нивните владини, провладини, невладини портали, „Призма“, можете да видите детално „Скопје 2014“ за што се потрошени парите. Значи, од двеста и нешто милиона, скоро двесте милиони се потрошени за булевари, за инфраструктури, и така натаму. За споменици и слично се потрошени неполни дваесет…, околу дваесетина милиона, за сè. Значи, не се само спомениците, тука се и украсни фасади, итн. Што значи дека е лага дека ВМРО парите ги трошел за споменици и слично, а они еве не ги трошат“, изјави Павловиќ во неговото гостување на ТВ Алфа.

Само во овој кус дел од ова интервју, изнесени многу невистини.

Најпрвин, „Призма“ е интернет страница за истражувачко новинарство на „БИРН Македонија“ –  независна невладина организација од 2004. Новинарите од оваа редакција денес објавуваат стории кои се критички кон сегашната власт, функционери и институции, оттука квалификацијата дека „Призма“ е „еден од нивните владини, провладини, невладини портали“, како што вели Латас, е невистинита и неточна.

Точно е дека „Призма“ спроведе и објави детално истражување „Скопје 2014 под лупа“, за што се потрошени парите во проектот, но се понатаму што е кажано за бројките од истражувањето е неточно.

Исказот „од двеста и нешто милиона, скоро двесте милиони се потрошени за булевари, за инфраструктури, и така натаму“ е исто така невистинит. Податоците објавени во „Скопје 2014 под лупа“, велат дека вкупната потрошена сума не е „двеста и нешто милиона“, туку над 684 милиони евра!

Исто така, не е точно дека „скоро двесте милиони се потрошени за булевари, за инфраструктури, и така натаму“, затоа што во „Скопје 2014“ нема воопшто трошоци за булевари!

Освен тоа, не е точно дека „За споменици и слично се потрошени неполни дваесет…, околу дваесетина милиона, за се“. Податоците објавени во „Скопје 2014 под лупа“ укажуваат дека за 34 споменици се потрошени најмалку 33.62 милиони евра, а уште најмалку 6.31 милиони евра за Порта Македонија (која е изградена како „скулптура“), и уште 6.49+ милиони евра за други скулптури. Тоа значи дека за споменици и скулптури биле потрошени над 46 милиони евра, а не неполни 20, како што тврди Латас!

Понатаму, не е точно дека во споменатите „околу дваесетина милиона „се вклучени „и украсни фасади, и така натаму“. Фасадите се дополнителна ставка од 43.36+ милиони евра, како и плоштадите (32.21+ милиони евра), фонтаните (3.39+ милиони евра), и мостовите со скулптури и скапи огради (7.95+ милиони евра). Дополнително во „останато“ е вбројано и Партерно уредување кај МНР + Одржување, илуминација и останати трошоци за 11.6+ милиони евра!

Ако се соберат сите овие трошоци, се добива сума околу 145 милиони евра само за споменици, скулптури, фасади, плоштади, фонтани, мостови со скулптури, скапи огради, партерно уредување, илуминација…а не неполни 20!

Што може да се заклучи? Исказот на Латас „дека е лага дека ВМРО парите ги трошел за споменици и слично“ – е невистинит. Како што укажавме во анализата „Дезинформации: Кандидатка за градоначалник на Центар тврди, „Скопје 2014“ е изгласан „од претставниците на сегашната позиција“?!“ – зад проектот „Скопје 2014“ стоеше владата предводена од Никола Груевски и ВМРО–ДПМНЕ.

Да потсетиме, Груевски своевремено обвинуваше дека е дезинформација дека проектот ќе чини 200 милиона евра, и велеше дека ќе чини околу 80 милиони евра во 8 буџетски години. Сега можеме да кажеме – вистината е далеку од тоа, а токму Груевски и Латас се тие што ја дезинформираa и дезинформираат јавноста, со невистинити и погрешни податоци за проектот „Скопје 2014“.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ