• Latest

Дезинформации: Кандидатка за градоначалник на Центар тврди, „Скопје 2014“ е изгласан „од претставниците на сегашната позиција“?!

September 8, 2021

Русија ја оживува пропагандата за „биолошко оружје“ во Украина додека продолжуваат нападите врз цивилни цели

June 13, 2026

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Дезинформации: Кандидатка за градоначалник на Центар тврди, „Скопје 2014“ е изгласан „од претставниците на сегашната позиција“?!

September 8, 2021 19:46
in ДЕЗИНФО, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во гостувањето на „Тема на денот“, во Дневникот на ТВ Сител (05.09.2021), кандидатката за градоначалник на Општина Центар, Наташа Котлар – Трајкова, одговарајќи прашања во врска со проектот „Скопје 2014“, изнесе тврдење дека тој не бил на претходната власт и дека е изгласан од сегашните носители на власта. „И да не заборавиме. Тој проект па и не беше на претходната власт. Тој проект беше изгласан токму од претставниците на сегашната позиција.“, вели Котлар во емисијата.

 

Но, фактите говорат во сосем спротивна насока од она што го тврди професорката по историја Котлар во гостувањето на „Сител“, од позиција на кандидат за градоначалник во Општина Центар.

Како прво, проектот „Скопје 2014“ не бил гласан од ниту една власт, затоа што во целина не бил предлаган како проект ниту во Собранието, ниту во Советот на Град Скопје, ниту пак во Советот на Општина Центар. Неколкуте обиди за расправа во Собранието, за спомениците но и за проектот во целина беа дезавуирани од тогашното мнозинство. Одлуките за целиот проект се носеа „на рати“, од различни институции и органи, главно во Општина Центар и Град Скопје, како и тогашното Министерство за култура.

Како второ, изнесените тврдења се во целосна спротивност на многу изјави на тогашниот премиер Груевски, кој јавно кажуваше дека тој стои зад целиот тој проект и ги објаснуваше неговите предности.

Наташа котлар, кандидат за градоначалник на Општина Центар, гостување во Дневникот на „Сител“, 05.09.2021, извор: Јутјуб канал на Сител

Еден од таквите примери е кога пратеникот Андреј Петров во 2010 година во Собранието постави прашање во врска со цената и намената на трошење на 200 милиони евра за проектот „Скопје 2014“, на што тогашниот премиер Груевски одговори дека пратеникот ја дезинформира јавноста, дека „проектот ќе чини 200 милиона евра, што е целосно неточно“, и дека „според пресметките проектот треба да чини околу 80 милиони евра во 8 буџетски години“.

Еве, поконкретно, дел од тогашното пратеничко прашање на пратеникот Андреј Петров, кое се однесува на проектот „Скопје 2014“:

“Затоа, ја користам оваа прилика, кога веќе бегате од дебата по ова прашање и кога веќе претседателот на Собранието не закажува седница на оваа тема да ве соочам со еден поинаков концепт. Нема да зборувам за вкусови, нема да зборувам за естетика, бидејќи велам дека за вкусовите не може да се дискутира. Ќе зборувам за нешто што е пресудно, а тоа е начинот на кој се трошат парите, начинот на кој се трошат овие средства на даночните обврзници во Р. Македонија, овие 200 милиони евра можат да се употребат за попродуктивни работи. 200 милиони евра, тоа се големи пари. Јас верувам дека и во Конгресот во САД ако некој наумил да потроши 200 милиони евра ќе мора да даде отчет пред Конгресот во  САД на каков начин и за што ги пласира тие 200 милиони евра. 200 милиони евра средства на даночните обврзници ќе се потрошат за кампања. Проектот “Скопје 2014” е изборна кампања, меѓутоа, погрешна. Со желба да се импресионира народот дека се прави еден градителски потфат, се прави катастрофална грешка. Во отсуство на дебата не може неколкумина да ги одредуваат приоритетите на главниот град, овој град во кој 600 до 700 илјади луѓе живеат, овој град во кој сите доаѓаат и што припаѓа на сите граѓани на Република Македонија. Главниот град се соочува со буџетското цунами “Скопје 2014”.

Андреј Петров, пратеник од 2011 до 2014 година, на собраниска седница

Ви го пренесуваме и делот од одговорот на тогашниот премиер, Никола Груевски:

„Сè на сè, реализацијата на проектот “Скопје 2014” се очекува ангажман на околу 15 илјади лица во поглед на изведба, изградба, комерцијални услуги, развој на туристичко угостителски бизнис итн. Исто така, дополнителни 20 илјади лица, вработени во фирмите кооперанти на градежните фирми ќе имаат бенефит. Ако се земе дека секое од овие лица има семејство, во просек од од 4 членови, тогаш може да се заклучи дека околу 150 илјади  граѓани ќе почувствуваат финансиски ефект од проектот “Скопје 2014”. Така што секој проект, па и овој има друга страна г-не Петров, а не она што вие се обидувате само да ја продадете, дезинформирајќи ја јавноста дека проектот ќе чини 200 милиона евра, што е целосно неточно. Според пресметките проектот треба да чини околу 80 милиони евра во 8 буџетски години. Што, ако добро ги следите буџетските работи ќе се согласите дека не е некое сериозно оптоварување на буџетот…“

Од овие извадоци од стенографските белешки од Деведесет и четвртата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 25 февруари 2010 година, јасно се гледа што тврдел тогашниот премиер. Навистина, проектот не чинеше 200 милиони, но ниту 80 милиони евра, туку многу повеќе. Според базата на податоци „Скопје 2014 под лупа“, овој проект чинел над 684 милиони евра, до мај 2017.

 

Никола Груевски за време на премиерскиот мандат

Освен тоа, да не ја заборавиме владината објава од 06.01.2012 „Промовирана „Портата Македонија““, за време на владата предводена од Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ, ја докажува неточноста на тврдењето „Тој проект па и не беше на претходната власт“. Владиното соопштение ја пренесува изјавата на премиерот дека Никола Груевски стои зад проектот „Скопје 2014“:

„Груевски, кому ова му беше прв настап поврзан со проектот „Скопје 2014-та“, рече дека денес е добра можност да им одговори на сите напади и критики поврзани со него.

„Да, јас стојам зад овој проект, сметам дека е добар, квалитетн и корисен и дека нема ништо лошо во него. Да, јас, го поддржувам и ќе го поддржувам овој проект, како што тоа го правам и во илјадници други случаи кога ќе верувам во нешто, кога имам и имаме идеја и визија како да биде подобро покорисно и поделотворно за граѓаните и државата“, изјави премиерот.

„Порта Македонија“, дел од проектот „Скопје 2014“, за време на Шарената револуција, Скопје 2016 година, фото: архива ЦИВИЛ Медиа

Според изнесените факти и аргументи, тврдењето на проф.Котлар за проектот „Скопје 2014“ на ТВ Сител е неточно и невистинито.

ЦИВИЛ, како и досега, бара и ќе продолжи да бара од кандидатите на локалните избори да придонесат за намалување на дезинформациите во медиумите и јавноста. Политиката не треба да биде извор на дезинформации, туку на понуди и решенија за проблемите на граѓаните.

Воедно, ЦИВИЛ уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверуваат информациите и да не потпаѓаат под притисокот на дезинформациите и пропагандата.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ