• Latest

Лазаровска ќе добие отказ од АРМ

March 26, 2019
Виктор Орбан (фото: © European Union, 1998 – 2026)

ЕУ сака „без нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лазаровска ќе добие отказ од АРМ

March 26, 2019 15:22
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Против професионалниот војник Татјана Лазаровска ќе биде поведена дисциплинска постапка и ќе биде предложена најстрога казна, односно да ѝ прекине ангажманот во Армијата на Република Македонија, велат за Плусинфо од АРМ, откако таа преку статус на Фејсбук шири говор на омраза со повикот да му се даде Нобелова награда на напаѓачот од Нов Зеланд, каде беа убиени 50 лица.

Од АРМ веќе информираа дека Лазаровска е вработена во АРМ и дека согласно законските регулативи и надлежности е почната постапка за утврдување одговорност и за преземање соодветни дисциплински мерки.

Од АРМ велат дека ќе биде формирана дисциплинска Комисија на која ќе ѝ биде предложено Лазаровска да одговара за дисциплински престап, како потешка повреда на воената дисциплина, односно потешка повреда на угледот на службата или угледот на воениот и цивилниот персонал.

Според објаснувањето од АРМ, а повикувајќи се на Законот за служба во АРМ, за Лазаровска ќе се бара престанок на работниот однос, односно престанок на статус на активен воен персонал поради изразување и застапување политички ставови и убедувања во службата и предизвикување национална, верска и расна нетрпеливост.

Законот Служба во АРМ во член 132, за дисциплински престап на активен воен персонал, активен резервен персонал и цивилен персонал, ги предвидува следните дисциплински мерки:

– Парична казна во висина од 10 до 30 отсто од едномесечниот износ на платата исплатена во последниот месец пред извршувањето на дисциплинскиот престап во траење од еден до шест месеци на активниот воен и цивилен персонал, односно 10 до 30 отсто од едномесечниот износ на исплатениот месечен надоместок на активен резервен персонал.

– Забрана за унапредување во повисок чин за време од една година.

– Забрана за остварување на право за повисок степен на кариера за време од една година.

– Одземање на чин и враќање во претходниот чин.

– Губење на чин.

– Престанок на работниот однос, односно престанок на статус на активен воен персонал.

Генералштабот веќе најостро го осуди секој облик на изразување било каков вид нетрпеливост, дискриминирачко однесување или поддршка на истите од било кого.

„Од Генералштабот е наложено до потчинетите команди и единици секогаш да се преземат соодветни мерки за спречување и најостро санкционирање во рамки на законските надлежности на било кој непримерен облик на однесување и нарушување на угледот на Армијата од страна на своите припадници“, стои во реакцијата на Генералштабот.

Впечатливо е дека по бурните реакции во јавноста и најавата на Генералшатбот дека ќе преземе санкции, профилот на Лазаровска го нема веќе на Фејсбук.

ЦИВИЛ – Центар за слобода во вчерашното соопштение, како организација за човековите права и слободи, побара од институциите да поведат сметка за законитоста, почитувањето на човековите права и слободи, како и за безбедноста на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија. ЦИВИЛ ги осудува говорот на омразата и поттикнувањето на насилство во секаква форма и очекува од Владата и секое министерство и институција на локално и национално ниво, да расчистат со екстремисти во своите структури. Активистите за човекови права не се должни да ја работат работата на институциите!

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ