• Latest

Лажна вест е смената на Османи, Таравари ќе размисли за влез во Влада, со победа на крајната десница Италија доби премиерка

September 26, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Лажна вест е смената на Османи, Таравари ќе размисли за влез во Влада, со победа на крајната десница Италија доби премиерка

September 26, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ДУИ – фактор за стабилност – лажна вест е информацијата за смена на министерот за надворешни работи Бујар Османи

„Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција.

Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.

„Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна“, изјави Османи, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг.

На прашањето дали внатрепартиските превирања ќе влијаат на стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.

„ДУИ е стабилна политичка структура, не очекуваме никаков понатамошен развој на настаните“, додаде Османи.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Таравари: Доколку пристигне понуда за влегување во Влада, ќе ја разгледаме

Градоначалникот на Гостивар и в.д претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Арбен Таравари изјави дека доколку добијат понуда за влегување во Влада, истата ќе ја разгледаат.

„Засега не сме разговарале за тоа, сега сме фокусирани на реорганизација на партијата. Претежно сме на терен и разговараме, ги слушаме активистите и симпатизерите. Не сме разговарале за условите за влез или излез. Не сме биле во Влада, па не сме ни размислувале. Но, ќе видиме, ќе испитаме дали ќе има таква понуда. Досега не сме добиле понуда, изјави Таравари одговарајќи на новинарско прашање за можноста за влез на Алијанса за Албанците во извршната власт и под кои услови би прифатиле“,

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на многу места долж линијата на фронтот се водат тешки борби со руските сили и оти припадниците на украинската армија постигнале успех на неколку позиции.

Постигнавме успеси на неколку борбени позиции, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање до нацијата.

*

До 25 септември 2022 година, од почетокот на руската инвазија на Украина, 391 дете загина, а повеќе од 773 деца се повредени. Поради активните воени дејствија во погодените региони, нема можност да се изврши увид на областите на гранатирање и уништување.

Во текот на седумте месеци од војната, Русија изврши 454 злосторства против новинарите и медиумите во Украина. Ова го соопшти Институтот за масовни информации. Од 24 септември руската војска уби вкупно 38 новинари во Украина. Од нив, осум новинари се убиени додека ги вршеле професионалните обврски (тројца украински и пет странски).

Како резултат на воените дејствија и терористички напади од страна на Русија, повредени се 14 новинари. Во текот на седумте месеци од агресијата, руската војска зароби и киднапираше 18 медиумски работници.

*

Во текот на изминатиот ден, трупите на Руската Федерација убија тројца жители на регионот Доњецк и повредија уште единаесет, пренесува Укринформ.

„На 25 септември Русите убија тројца цивили во регионот на Доњецк: двајца во Авдиевка и еден во Бахмут. Уште 11 лица беа повредени“, објави на Телеграм Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРЕДЛОГ Европската Комисија поднесе предлог за потпишување и склучување на договор меѓу ЕУ и Северна Македонија за Фронтекс. Европската Комисија предлогот за договор со граничната и крајбрежна агенција на ЕУ, Фронтекс, го поднесе на 23 септември до Советот, т.е. земјите членки на ЕУ. Договорот до сега е блокиран поради Бугарија која не се согласуваше со употребата на терминот „македонски јазик“ во текстот на договорот.

СРЕДБА Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Министерството ги прими германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн и новопоставеното одбранбено аташе потполковникот Ханс Петер Вамслер

ОБРАЗОВАНИЕ Средношколците со посебни потреби чекаат на Законот за средно образование за да добијат образовни асистенти

ЕВАЛУАЦИЈА Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска присуствуваше на ГРЕВИО, првата евалуaциска посета на Република Северна Македонија која се одржа во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџетирање.

ЗАКОН Министерството за животна средина го објави Нацрт законот за прогласување на Кањонот Матка за споменик на природата, а јавната расправа за неговата содржина е закажана за 17 октомври. Кањонот Матка е вклучен во Националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување на Европската Унија, а бројните видови од Кањонот Матка се вклучени на прилозите на Директивата за зачувување на природните живеалишта на дивата флора и фауна.

ЕКОНОМИЈА Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска се обрати на Бизнис форумот на стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска. Во рамки на Бизнис форумот вицепремиерот Битиќи имал билатерална средба со хрватскиот вицепремиер и министер за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговарале за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ, како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Северна Македонија и земјите од регионот.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Џорџија Мелони и нејзините „Браќа на Италија“, со освојувањето на најголем број гласови на италијанските избори на 25 септември, го исполни сонот на италијанските десничари уште од деновите по Втората светска војна – враќање на фашизмот. Сто години по Маршот на Рим, по што Бенито Мусолини ја доби власта во 1922 година, на парламентарни избори победува екстремната десница во Италија чија политичка агенда се билда врз наративите на евроскептицизмот, национализмот, ксенофобијата, хомофобијата и „традиционалните семејни вредности“ што ја враќа општествената положба на жената со децении наназад“, пишува Џабир Дерала во денешното ES-PRESS-O „Две во едно, прва италијанска премиерка и враќање на фашизмот“

Б. Ј.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ