• Latest
Добро утро со Орданоски

Лажна вест: Иванов размислува за оставка

December 27, 2017
Фото: МВР

Приведени двајца полицајци за грабежот на златарницата во Гостивар

October 27, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новата нуклеарна ракета на Путин – демонстрација на сила или страв од пораз?

October 27, 2025

ЕУ ја потпиша Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот

October 27, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Приведени две лица од раководството на „Комунална хигиена“ – меѓу нив и директорот Сабахудин Рустеми

October 27, 2025

ЕК распиша конкурс за проекти за прекугранични новинарски партнерства и медиумски плурализам

October 27, 2025
Поранешниот секретар на НАТО, Лорд Џорџ Робертсон. Фото: Скриншот од видео на
UK in Austria

Поранешниот шеф на НАТО: Српската православна црква е главен дистрибутер на руските политички интереси на Балканот

October 27, 2025
Војо Маневски

На премиерот (ќе) нема кој да му пишува

October 27, 2025

Инспектор од Струмица пукнал во полициска станица откако добил отказ!

October 27, 2025

Пет дена до изборниот финиш! Мицкоски со критики до Рамадани, Филипче најави „чистка“ во СДСМ

October 27, 2025
Скриншот од видео на WION

Украински дронови ја нападнаа Москва во текот на ноќта, пријавени експлозии во повеќе делови од градот и околниот регион

October 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Лажна вест: Иванов размислува за оставка

December 27, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски 

[dropcap]С[/dropcap]е мачам нешто да напишам за новогодишниот говор на претседателот Иванов, а да не биде навредливо, потсмешливо, зајадливо, со иронија… И никако не ми успева. Сите квалификации и епитети за неговата политика се од другата страна на политичката коректност (се воздржувам да отворам заграда и да почнам да ги набројувам…).

Претседателот, во седмата година од својот мандат, го достигна идеалот на празната политичка супстанца, кога ни најдобронамерните не можат да одредат кои се, поточно, неговите принципиелни политички ставови. „Патриотите“ (и со и без наводници) ќе ви рипнат за врат ако се обидете да им докажете дека Иванов е патриот, оти тие се најгласни во обвинувањата дека тој е предавник… Искрените македонски националисти се доведени во таква конфузија од неговите индо-пакистански и слични историски небулози, што на самото спомнување на името на Иванов почнуваат со очи да превртуваат… Од фамилијарната централа на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ го сметаат за плашливец и несигурен сојузник кој повеќе од еднаш ги оставил „на цедило“… Разните вмровски реформисти и антигруевисти, пак, можеби го презираат најмногу од сите… СДСМ ужива ситно да го сецка, малку да го меле, па да го испасира, пред да го карамелизира и да му ја потури кантата со помија врз глава… Дипломатите веќе одамна престанаа да пишуваат депеши по неговите јавни настапи, бидејќи никој во нивните централи тоа од нив не го бара… Е, додуше, кај Албанците не стои така лошо, како за политички мртовец.

Во такви фрагилни околности по неговиот морално-политички профил, претседателот Иванов повикува на национално помирување. Се разбира дека никој не го зема за сериозно. Како кога некоја стара баба ќе ти каже да се пазиш од промаја! (Провев, де.)

Но, работата би земала сосема друг тек, а македонската историја сигурно би се погрижила за една фуснота и за него, ако Иванов вака ја постави целата своја иницијатива: „Нацијата ни е поделена, што е многу неубава, даже и опасна работа, а бидејќи мене јавноста ме вбројува во еден од позначајните фактори за таа заваденост, јас си поднесувам неотповиклива оставка од претседателската функција, во име на почетокот на националното помирување!“

Е-хеее, тоа би била орканска промаја! Би го расчистила загадувањето за еден ден!

Како што слушам, да не веруваш, Иванов размислува и за таква постапка. Мора да му е мачно веќе сите да му се потсмеваат и да го земаат на мајтап, од Валандово, до Бразилија. (Иако се спомнуваат и некои други, вонредни околности…) Само, се распрашувал наоколу има ли шанса да се смени законот, за да може, од функцијата заминат со оставка, сепак да ја ужива претседателската пензија и другите принадлежности што по законот за бивши претседатели му следуваат.

Ако е тоа проблемот, јас за Иванов би предложил леkс специјалис: му се одобрува сѐ што ќе посака, плус 10% части кафеана! И да си го понесе советникот за национална безбедност со себе, за доживотен батлер! (Мислам дека и тој ќе се согласи на тоа заради некои други, вонредни околности…)

Целата вест можеби е лажна, ама има и смисла. А штом има смисла, барем половина е точна. Па, самиот Иванов од полувистини Кули Вавилонски изгради и ене го, ништо не му фали, зошто да не размислува и да си замине?!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: IvanovВМРО-ДПМНЕмарионетаоставкапатриот
Share269Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ