• Latest
Фото: Креирано со помош на ВИ

Лажните тврдења за протестите во Украина и српско-руските пропагандни наративи во медиумите во Северна Македонија

July 29, 2025

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ДЕЗИНФО

Лажните тврдења за протестите во Украина и српско-руските пропагандни наративи во медиумите во Северна Македонија

July 29, 2025 10:22
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФО, ТОП 5
Фото: Креирано со помош на ВИ

Фото: Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

(ВИДЕО) Мишев: Очекувам валкана изборна кампањаДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Tимот на ЦИВИЛ за мониторинг на дезинформации (ЦДМТ)

Кога илјадници Украинци на 22 и 23 јули излегоа на улиците во градовите низ целата земја на првите масовни антивладини протести во земјата од почетокот на целосната руска воена инвазија – кога граѓаните го повикаа претседателот Володимир Зеленски да стави вето на закон усвоен во парламентот кој ги доведе во прашање антикорупциските реформи – проруските пропагандисти видоа огромна шанса да го засилат своите пропагандни наративи и манипулации.

Како „кец на десетка“ им дојде лажното тврдење на екстремно десничарската конгресменка на САД, Марџори Тејлор Грин, дека гневот на демонстрантите е насочем кон претседателот Зеленски поради недостатокот на мировен договор со Русија.

Украинците ги докажаа своите демократски капацитети, излегувајќи на протести среде војна и константни руски ракетирања на цивилни цели, за повисоки цели значајни за иднината на државата, свесни за високиот ризик истите да бидат злоупотребени од руските пропагандисти и нивните апологети вон Русија.

Што е уште полошо, јавните протести и растечките тензии меѓу граѓанското општество и владата создаваат идеална средина за руското влијание да ја дестабилизира ситуацијата во Украина. Се соочуваме со сериозни ризици во моментов. Она што може да се случи би можело да биде навистина катастрофално – не само за Украина, туку и за цела Европа, ќе напише Олха Данилиук, истакната украинска новинарка, главен и одговорен уредник на „Волинска газета“ и ко-водач на медимскиот проект „ВиЛНи“ за ЦИВИЛ Медиа.

За жал, стравувањата на Украинците, но и постојаните предупредувања на ЦИВИЛ како организација која се бори против дезинформациите и малициозната пропаганда години наназад, се остварија. Руските пропагандисти ја искористија и оваа прилика за да ги пласираат своите лажни наративи, за кои сесрдна поддршка добиваат од своите инсталации низ Балканот, како дел од српско-рускиот свет, во кои преку одредени медиуми, но и владини претставници е вовлечена и Северна Македонија.

Српско-руските пропагандни наративи во медиумите во Северна Македонија

Лажните тврдења на екстремно десничарската конгресменка на САД, како по обичај наидоа на плодна почва во медиумите кои се дел од српско-рускиот свет, заедно со нивните приврзоци во Северна Македонија.

Традиционално, српските проруски медиуми, како Спутник во текстот „Американската конгресменка порача: Зеленски не сака мир, тргнете го“  и Политика – „ Американска конгресменка: Зеленски е диктатор, САД мора да престанат да го финансираат“ ги прифатија лажните тврдења на Грин, дополнувајќи ги со типичните руски наративи за Зеленски како шеф на „кијивскиот режим“

Доказ за наводите од извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија кон ЕУ, дека „Српскиот свет“ го поткопува суверенитетот на Северна Македонија и регионот, а владините претставници во Скопје го поддржуваат и го промовираат, се потруди да обезбеди Вечер прес, кој во текстот со наслов: „Конгресменка на САД: Зеленски е диктатор, САД мора да престанат да го финансираат“, некритички – „од А до Ш“, само со македонски превод од српски, ги пренесе руските пропагандни наративи објавени во српските медиуми, без да се потруди да побара потврда за вистинитоста на тврдењата на конгресменката Грин за протестите во Украина.

Руската пропаганда е длабоко навлезена на овие простори, и е широко рспространета во таканаречениот „српски свет“, каде, како што предупреди и Европската Комисија во својот извештај, Северна Македонија е под негативното влијание на „српскиот свет“.

Руската пропаганда речиси целосно кај нас доаќа преку Србија, поточно српските медиуми, во кои предничат провладините. Потоа, дел од македонски портали ги преземаат вестите од своите српски колеги, по принципот „copy – paste“, некритички, без проверка, иако во себе содржат дезинформации, манипулации и наведувачки наративи како оние кои ги користат руските пропагандисти за да нанесат штета на Украина и на Западот, иако земјава, за разлика од Србија, е членка на НАТО, и како таква има обврска да ја препознае и да одговори на малициозната руска пропаганда.

Мониторинг тимот на Цивил, кој спроведува континуирано следење на делувањето на странската малициозна пропаганда во земјава, повеќепати нотираше енормна застапеност на руско – српската пропаганда во голем дел од македонските медиуми. Врз основа на целокупната анализа на делувањето на оваа пропаганда, односно на нејзинита најистакнати „чинители“,  констатира дека Путин и Вучиќ се „иконите“ на антизападната кампања во дел од македонските медиуми, Песков и Лавров се пропагандните ѕвезди во информативниот простор на проруските македонски медиуми, и се добва впечаток дека портпаролката на руското МНР, Захарова, е неформална шефица на неколку македонски портали за ширење руска пропаганда.

Иако Путин е сè уште неприкосновен „владетел“ на македонскиот интернет простор, барем кога се работи за медиумите кај кои евроатлантската определба на државата не е во прв план (благо речено), сепак, српскиот претседател зафаќа голем дел од колачот со кој се насладува евроскептичниот, анти-НАТО и останатиот ретрограден дел од македонското општество.

Во улога на измеќари на руските пропагандисти, овие медиуми некритички ги пренесуваат соопштенијата на руското МНР и отворените закани на неговата портпаролка, Марија Захарова со нуклеарно оружје кон Британија, и со разорувачки одмазднички удар врз западните сојузници доколку се спротивставуваат на руските барања, при тоа заборавајќи дека Северна Македонија е членка на западната Алијанса, и меѓу оние држави кој ја поддржуваат и помагаат Украина во нејзината праведна борба за ослободување од рускиот окупатор, и дека  истото тоа МНР, министерот и портпаролката ја прогласија Северна Македонија како непријателска држава, легитимна цел на евентуална руска одмазда.

Оваа проруска медиумска групировка, составена од неколку постојани, веќе добро познати членки, со ширењето на ваквата српско-руска пропаганда има за цел, да ја поткопа поддршката на граѓаните за НАТО, ЕУ, и воопшто за западните демократски вредности, без разлика дали се работи за избори, или за тривијални работи како Евровизија, кога по минатогодишниот настан дел од македонските медиуми се придружија кон изливите на хомофобија од руските пропагандисти, се приклучија и дел од македонските медиуми, кои не пропуштија да ги пренесат изјавите на нивната неформална „шефица“ за ширење на руска пропаганда, Марија Захарова, која во тој период не се симнуваше од страниците на овие медиуми, при што здружено ја пренесоа нејзината хомофобична порака на Твитер во која таа остро ги осуди настапите на некои учесници на годинешната Евровизија и музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа.

Дезинформациите се дел од основните елементи на руското хибридно војување против Западот. Социјалните мрежи и медиумите станаа ефикасно офанзивно оружје на руската пропаганда, преку која Кремљ го остварува својот глобален план за дестабилизација на демократиите. Оваа тактика, во комбинација со сајбер напади, економски и политички влијанија, и изборни манипулации, е клучен инструмент за создавање тензии, поларизација и хаос во западните општества.

Како што пишува Џабир Дерала во анализата „Европа на работ: Како руската хибридна војна може да прерасне во воен конфликт со целосни размери“ – руската пропаганда успешно се шири во Европа преку мрежи на дезинформации, лажни медиуми и пропагандистички инсталации кои работат, во некои земји во сенка, но во некои и сосема отворено како дел од доминантниот политички, академски и медиумски естаблишмент (Унгарија, Словачка, Србија, Северна Македонија, Бугарија и други). Овие мрежи до максимум ги искористуваат демократските системи, но всушност работат на уништување на демократијата. Преку поддршка на екстремистички и популистички политички партии, Русија создава клима на поларизација и општа несигурност во европските општества.

Кога е во прашање Западен Балкан и Северна Македонија, ваквите тенденции се уште понагласени.

Долгогодишниот мониторинг на ЦИВИЛ недвосмислено покажува дека руско-српската пропагандна машинерија е длабоко инфилтрирана во медиумскиот простор на Северна Македонија, каде голем дел од македонските медиуми со лажни наративи и копи-пејст дезинформации и манипулации активно работат против сопствената држава и нејзините евроинтегративни процеси. Алрмантно е што ова не е само медиумски проблем, всушност ова е прашање на национална безбедност.

Ќе се спротивставиме ли конечно или ќе дозволиме Македонија да стане проруска пропагандистичка колонија, претворајќи дел од домашните медиуми во мегафони на Кремљ виа Белград?

Во оваа анализа се користени податоци од редовните извештаи на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.
Tags: проруски македонски медиумируска пропаганда и дезинформациисрпско-руски свет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ