• Latest

Портпаролката на руското МНР, Захарова, неформална шефица на неколку македонски портали за ширење руска пропаганда

May 7, 2024

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ПРОПАГАНДА

Портпаролката на руското МНР, Захарова, неформална шефица на неколку македонски портали за ширење руска пропаганда

May 7, 2024 13:46
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

УСЛОВ НА ЗАХАРОВА ЗА „МИРОВНАТА ФОРМУЛА“ Западот да престане да испорачува оружје за Украина; ЗАХАРОВА СЕ ЗАКАНИЛА НА БРИТАНИЈА: „Запомнете дека имаме нуклеарно оружје“; Захарова: Авторите на резолуцијата за Сребреница да го повлечат тој документ; ЗАХАРОВА: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда; РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА – „Ве очекуваат катастрофални последици“… ова се насловите кои последнава недела ги окупираа страниците на неколку македонски медиуми, повеќето докажани поддржувачи на политиката на Путин и на руската агресија врз Украина.

Во улога на измеќари на руските пропагандисти, овие медиуми некритички ги пренесуваат соопштенијата на руското МНР и отворените закани на неговата портпаролка, Марија Захарова со нуклеарно оружје кон Британија, и со разорувачки одмазднички удар врз западните сојузници доколку го поддржат нападот (за деокупација) на Крим, при тоа заборавајќи дека Северна Македонија е членка на западната Алијанса, и меѓу оние држави кој ја поддржуваат и помагаат Украина во нејзината праведна борба за ослободување од рускиот окупатор.

Антизападните соопштенија и закани од страна на руските пропагандисти и функционери кои зачестија особено по одобрувањето на пакетот странска помош во висина од 60 милијарди долари од САД за Украина и британските најавати за испраќање на ракети со долг дострел за украинската одбрана, наидоа на некритичко пренесување во македонскиот интернет простор од страна на посочените проруски медиуми.

Во пренесените текстови, извршителите на нарачките од руските нарачатели, никаде не спомнуваат дека нападот на Крим, е всушност украински обид за ослободување на привремено окупираниот полуостров Крим, кој руските агресори го окупираа (анектираа) во 2014 година, и дејствијата кои ги презема Украинската војска во таа насока се нејзино легитимно право за деокупација на својата територија.

Исто така, при пренесувањето здраво за готово, како апсолутна вистина на руските тврдења и закани за доставувањето и употребата на западното оружје за одбрана на Украина, при што се занемарува фактот дека Русија, во терористичките напади врз украинските градови и цивилната инфраструктура користи оружје од иранско, северно корејско производство и кинеска технологија.

Дополнителни, овие македонски медиуми, во трката кој ќе пренесе повеќе и побомбастични соопштенија од руското МНР, забораваат дека истото тоа МНР, министерот и портпаролката ја прогласија Северна Македонија како непријателска држава, легитимна цел на евентуална руска одмазда.

Најчесто, веќе традиционално, како што многупати досега нотираше Мониторинг тимот на Цивил, вестите кои се создадени во руските пропагандни кујни се преземени од српски портали.

Исто така, во содејство со српските колеги по русофилство, со копипејстирање на содржини во кои се глорифицира улогата на Русија во одбрана на српството преку негирање на геноцидот и резолуцијата за Сребреница, одат во спротивна насока со македонските ставови како коспонзори на резолуција во ОН.

Следејќи ги објавите на овие медиуми, се добива впечаток како Северна Македонија да е некоја зафрлена покраина во Руската Федерација и дека нивна (неформална) шефица е портпаролката на руското МНР, Захарова, а не суверена држава, членка на НАТО и кандидат за преговори за членство во ЕУ, што е всушност и целта на руската пропаганда.

Tags: Марија Захаровапроруски македонски медиумируска пропаганда во Македонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ