• Latest

Лажните вести – моќно и опасно оружје

June 20, 2018
screenshot-X-EP

Што содржи најострата резолуција за Србија досега усвоена од Европскиот парламент 

October 23, 2025

Пукал од БМВ додека одел на свадба во Желино – полицијата го уапси кога се пофалил на социјалните мрежи!

October 23, 2025
Фото: wikimedia commons

Амбасадорката Дир: САД воведоа санкции против енергетскиот сектор на Русија, дизајнирани да го зголемат притисокот за постигнување вистински мир

October 23, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК: Во 33 општини се завршени изборите за градоначалник во прв круг, во 11 општини има поднесено приговори

October 23, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најмалку 40 мигранти, вклучувајќи бебиња, загинаа при потонување на брод кај Тунис

October 23, 2025
Изгорениte остатоци од возило во кое се наоѓале новинарката на „Слобода ТВ“, Олена Храмова, и снимателот Јевген Кармазин, кои беа убиени во руски напад со дронови врз Краматорск на 23 октомври. Фото: Гувернер на Донецката област, Вадим Филашкин/Телеграм

Двајца украински телевизиски новинари убиени во руски напад со беспилотно летало врз Краматорск

October 23, 2025
CCTV камерите го снимија моментот на експлозијата во Копејск во близина на Чељабинск, Фото: Астра/Телеграм

Масивни напади на украински дронови на руска територија: Пожар во рафинеријата во Рјазан, прекин на електричната енергија во Белгород,10 мртви во експлозија во фабрика за муниција во Урал

October 23, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп сфати дека разговорите со Путин „не водат никаде“, САД објавија нови санкции за двете најголеми руски нафтени компании

October 23, 2025
Скриншот од видео на TVPWorld

Поранешен српски милитант обвинет за воени злосторства во Хрватска уапсен на аеродромот во Варшава

October 23, 2025

Орданоски: Време е новата генерација да ја заштити демократијата од национализам, туѓи агенди и политички елити

October 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лажните вести – моќно и опасно оружје

June 20, 2018 10:56
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И изборот на Велес како локација на која вчера се одржа форумот за јавни политики „Справување со дезинформациите – Комбиниран пристап на властите, граѓаните, граѓанското општество и медиуми за долгорочни решенија“ не беше случаен.

Според министерот без ресор, Роберт Поповски, токму градот Велес станал светски синоним за ширење на лажните вести, и дека идејата е токму оттаму да се испрати заедничка порака за тоа дека Велес и Македонија тргнуваат по нов пат и тежнеат да бидат лидери во борбата против лажните вести.

„Експлозијата на лажни вести е сериозен предизвик на светско ниво. Тие во себе речиси секогаш носат порака на национализам, поделби, конфликти, тешки чувства и омраза. Преку намерно извртување и манупулирање со симболи, се поттикнуваат скриени стравови кај граѓаните. Тоа мора да го спречиме“, истакна Поповски.

Тој додаде дека феноменот на лажните вести не е нешто ново што се случува во актуелниот период, туку постои со години наназад, повикувајќи се на штетите и опасностите кои можат да се предизвикаат со ширење на лажни вести и пропаганда, како и дека тие невистини често поттикнуваат вистинско, брутално насилство и агресивно однесување.

На форумот се обрати и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, кој изјави дека жали за тоа што Велес остана запаметен како град-фабрика на лажни вести, и покрај значајното место кое градот го зазема во културната и просветната историја и традиција на Македонија.

„Во изминатиот период поминаа многу од светските медиуми, кои ни потврија дека оваа непријатна тема е се уште во фокусот на светот. За разлика од одредени политичари кои ги оправдуваа вестите, сметам дека нивната појава е поради појавата на економскиот колапс во Велес“, изјави Коцевски.

Градоначалникот додаде дека Општина Велес ќе соработува со младите, преку отворање на младински креативен центар, каде ќе можат да развиваат вештини како иновации, европски проекти, уметност и култура, а не со ширење лажи вести.

„Фактичката ситуација на терен ми потврди дека како локална самоуправа, имаме голем предизвик да се избориме не само со малигната популација на лажните вести, особено кај помладата популација, туку и со поддршка на државата, да воспоставиме функционален систем на превенција, за да не ни се повтори оваа лоша слика која ја виде светот“, додаде Коцевски.

Директорот на канцеларијата на УСАИД, Едвард Гонзалес, на форумот изјави дека овој настан е важен и навремен, имајќи ја предвид актуелната тема за дезинформирање, која многу брзо еволуира.

„Граѓаните треба да развијат практика на следење на вести од различни извори и да бидат критични кон информациите кои ги конзумираат. Од друга страна, Владата треба да ја почитува улогата на независните медиуми, да промовира транспарентност и отчетност во владеењето, како и да овозможи здрава средина која овозможува овој сектор да си ја одигра својата улога“, рече Гонзалес.

Модераторот на вториот дел од дискусијата, Жарко Трајановски, додаде дека зборот пропаганда во минатото не бил со цел да се создаде негативна конотација, дека не е негативен, туку баш напротив, позитивен, но со текот на времето тој збор добил негативно значење. Според него, посоодветен збор е дезинформација, бидејќи зборуваме за црна пропаганда, која има свои специфики во последните децении, и со дигиталната технологија имаме цел нов концепт на дезинформации.

Ѓунер Исмаил, направи една споредба со времето кога тој ја презел улогата на портпарол на Владата, и додаде дека денеска има наплив од сајтови, веб страници и блогови, а тогаш Македонија располагала со еден јавен сервис – МРТ, располагала и со Нова Македонија која продуцирала неколку дневни весници и мрежа со 29 локални станици.

„Информациите се важни за тоа граѓаните да бидат некаков активен чинител во општеството и кога некој политичар рамислува така, тој размислува за граѓанинот како гласач, а не како некој кој ќе биде активен во создавање на политиките во општеството“ додаде Исмаил.

Биљана Петковска, директорката на Македонскиот институт за медиуми, ја изрази потребата од истакнување на фактот дека лажните вести се дел од поширокиот дел од дезинформирање, и дека сите истражувања покажуваат дека луѓето најмногу веруваат во допрен глас.

„Црната пропаганда е нешто што не е ново, она што е ново се новите форми на дистрибуцијата, имаме друг тип на публика, онлајн публика. Лажните вести се како бактерија. Бактеријата се размножува ако има плодна почва. Има премногу портали кои се копи-пејст медиуми и така дезинформацијата се шири. Премолчена информација е најголема дезинформација“, додаде Петковска.

Владимир Петрески, уредник во македонскиот Сервис за проверка на факти од медиумите, рече дека е точно оти медиумите ја напумпаа приказната за лажните вести во Велес, но и дека нема простор за грижа, бидејќи Велес не е град со најмногу лажни вести, туку дека вестите кои ги објавуваа во Велес, биле преземани од веб страници од САД.
„Во конкретниов момент, како и во изминатите години, лажните вести во Европа се појавуваат во земји со кревки демократии, нови, демократски, заробени држави и земји со менаџирана демократија. Проблемот што го имавме беше големиот наплив на лажни вести, затоа што имавме организиран систем, кој ги продуцираше тие лажни вести“, додаде Петрески.
Владимир Божиновски, од Институтот за политички истражувања во Скопје, изјави дека ние не можеме да зборуваме само за дезинформации или да наметнеме информација која е случајно погрешна, и затоа ги имаме тие поделби на погрешни и штетни дезинформации.
„Лажните вести се честопати синоним за дезинформации, но јас сепак, би направил дистинкција, не можеме да ставиме знак на еднаквост. Лажната вест често се пушта за да се зголеми гледаноста или читаноста на медиумите, без притоа да има интенција за штета. Она што е најштетно во општествената сфера се дезинформациите кои всушност, се точни информации, а се премолчени точни информации, и се заменети со неточни“, додаде Божиновски.
Според Божиновски, самата околина е погодна за создавање на дезинформации, и тоа не е случај само во Македонија, во Македонија има копи-пејст медиуми, и нејзината почва е погодна за развој на тие дезинформации.
Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, истакна дека токму тоа што изминатите неколку дена може да се прочита по социјалните мрежи и интернет порталите во Македонија, е уште една потврда – колку проблемот со лажните вести е сериозен и дека треба посветено да работиме за справување со овој предизвик.
„Лажните вести во овој случај имаат за цел намерно извртување и манипулирање. На овој начин се поттикнуваат емоциите кај граѓаните и се манипулираат да веруваат во тоа што сака да го ‘продаде’ страната која е нарачател на овие содржини и лажни вести“, истакна министерот Манчевски. Тој потенцираше дека тоа што Владата може да го направи во моментов е, преку редовно информирање и целосна транспарентност во работењето да се спротивстави на дезинформациите кои поединци сакаат да ги наметнат во јавноста.

Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Македонија, истакна дека концентрираноста која општеството ја има кон дезинформациите всушност, им помага на дезинформациите, и дека секоја концентрираност може делумно да го промени, но не и да го реши проблемот во целост.

„Одговорот е преку саморегулација, и тоа ќе биде здраво општество. Доколку новинарите не се изборат за чистота, тогаш и тие ги прифаќаат сегментите, дека новинар е тој што и за 100 евра пишува што сака. Малиот пазар и слабата економија се причина за сето ова. Ценам дека државата треба да најде начин, не по пример на она претходно, да најде начин да даде финансиска поддршка и да биде поттик за професионалност“, додаде Димовски.

Флакрон Беџети, портпарол на Алијансата на Албанците, како пример за лажни вести го зема и примерот со Законот за јазиците, каде што истакна дека на многу портали се појавија различни информации околу тој закон, како и дека Македонците треба да се плашат од истиот. Според него, политичките партии, заедно со Владата и граѓанските организации, можат да направат многу повеќе напори за подобрување на овие проблеми во општеството.

Ангела Петровска
фотографија: Ванчо Џамбаски

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Влада на Република МакедонијаДамјан МанчевскиЃунер ИсмаилИлија Димовскилажни вестиМакедонијаМедиумимедиумска писменостреформиРоберт ПоповскиУСАИДфорум
Share95Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    183 shares
    Share 73 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ