• Latest

„Левичарите“ со спонзорирана кампања против пописот, со дезинформации ги заплашуваат граѓаните со „косоваризација“

August 27, 2021
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ПОПИС

„Левичарите“ со спонзорирана кампања против пописот, со дезинформации ги заплашуваат граѓаните со „косоваризација“

August 27, 2021 16:09
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОПИС, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Членови и истакнати активисти и функционери на политичката партија Левица, со сите расположливи средства, вклучувајќи и пари и платени постови на Фејсбук, дезинформации и поттикнување на меѓуетничка омраза, се обидуваат да му наштетат на пописот. Односно, како што гласи една објава на социјалните мрежи од анонимен-бот профил, „Паѓа попис, паѓа Влада“. Ова јасно укажува дека бојкотот на пописот од страна на овие радикални националисти маскирани во „левичари“ не е од патриотски, туку од политички и националистички побуди.

„Левичарите“ преку Фејсбук групата „Не отварам врата“, преку фотомонтирана фотографија ги заплашуваат граѓаните да не се попишуваат, бидејќи така ќе учествуваат во „косоваризација на Македонија“.

Спонзориран, односно платен пост се појави на Фејсбук за кампања против пописот. Постот е платен од лицето Иван Јованоски. Ова име е идентично со името на функционерот на Левица од прилепскиот огранок, што му се закануваше на новинарот и активист Петрит Сарачини. На Фејсбук профилот на Јованоски кој го користи псевдонимот Announakey Jovanovsky, можат да се забалежат повеќе објави кои повикуваат на бојкот на пописот.

 

Во дел од објавите има и навреди и говор на омраза. Во еден пост објавен на Твитер кој го сподели Јована Мојсоска, исто така функционерка на Левица, покрај изнесените невистини, пишува и „Навистина ќе дозволите попис организиран од #Ш, Аљи и Груби“…

 

Ваквите лаги, дезинформации и заплашувања со „косоваризација“ на Македонија поттикнуваат меѓуетничка омраза, што е кривично дело според Кривичниот законик.

ЦИВИЛ повторно ги повикува институциите да реагираат на овие објави со говор на омраза. Можеби овие радикални структури мислат дека со овие дезинформации и омраза, кои претходно поминуваа кај граѓаните, ќе добијат ситни политички поени во пресрет на локалните избори. Но денес ваквите лаги и манипулации не поминуваат.

Пописот е статистичка операција, а не политичка битка за политичка добивка. Национализмот и омразата не носат добро за ниту еден граѓанин и граѓанка на Северна Македонија, без оглед на нивната политичка или етничка припадност.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ