Претседателот на Франција Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц, премиерот на Италија Марио Драги и претседателот на Романија Клаус Јоханис го посетија Ирпин, регионот Киев, известува Укринформ повикувајќи се на ТВ БФМ.
Ukraine: Emmanuel Macron en visite à Irpin, dans un quartier en partie détruit par les bombardements pic.twitter.com/XkzE93JQiX
— BFMTV (@BFMTV) June 16, 2022
Европските лидери се придружувани од министерот за развој на заедниците и териториите Олексеј Чернишов. Се очекува подоцна да им се придружи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, особено за време на прес-конференцијата закажана за 14 часот.
За време на посетата на претседателот Макрон на Ирпин, амбасадорот на Франција во Украина Етјен де Понсинс изјави за BF MTV:
„Оваа посета е многу важна за Украинците да го запознаат претседателот за штетите и неверојатниот отпор на украинскиот народ“.
Францускиот претседател Емануел Макрон го пофали херојството на Украинците во лицето на руското варварство за време на посетата на Ирпин, регионот Киев.
„Сите ги видовме сликите на уништен град, кој исто така е и град на херои, бидејќи токму тука Украинците ја спречија руската армија, која напредуваше кон Киев. Затоа, мора да го замислите херојството на армија, но и на украинското население“, нагласи Макрон, пренесува францускиот ТВ канал BFMTV.
Францускиот лидер, кој е во посета на Ирпин заедно со неговите германски, италијански и романски колеги, рече дека тие „дојдоа да оддадат почит“.
На 16 јуни во Киев пристигнаа претседателот на Франција Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и премиерот на Италија Марио Драги, претседателот на Романија Клаус Јоханис.
Подготви: Д.Мишев