Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во текот на денот постојано шири лажни вести и дезинформации. Прво напишал дека Финансиската полиција упаднала во дом на опозициски пратеник кој има имунитет. А потоа дека е киднапиран пратеник за да не гласа за недоверба на Влада.
Од Финансиска полиција истакнаа дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, не е цел во акцијата туку неговиот татко, кој работи во ЕВН. Според финансиската полиција, станува збор за предистражна постапка која се спроведува во координација во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје.
„Целосно ги демантираме и отфрламе изјавите на пратеникот Јован Јаулески дека претресот е извршен кај него дома ниту, пак, кај некој друг претставник на политичка партија. Предистражната постапка се однесува на вработени во ‘ЕВН електрани’ ДООЕЛ и ‘ЕВН Македонија’ АД Скопје“.
Во текот на гласањето на недоверба на Влада, лидерот на Левица изнесе сериозна дезинформација дека пратеник е киднапиран за да не гласа.
Ваквите дезинформации на Апасив се демантирани со тоа што пратеникот Кастриот Реџепи на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да не учествува на собраниската седница за гласање на доверба на Владата.
„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, дека во декември земјата најверојатно решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи.