• Latest
Илустрација ВИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025

Според Мицкоски, Северна Македонија е многу пред Албанија во процесот на интеграција во ЕУ

November 6, 2025
Скриншот од видео на ДИК

ДИК ги објави официјалните резултати од вториот круг на локалните избори, за три општини има приговори

November 6, 2025

Адмир Лисица: „Додик ќе трае онолку колку што ќе посака меѓународниот фактор“

November 6, 2025
Скриншот од видео на TOI

Рускиот министер за одбрана: Русија треба веднаш да започне со подготовки за целосни нуклеарни тестови

November 6, 2025

По извештајот на ЕК: Владата бара гаранции од ЕУ, СДСМ алармира за „најлоша деценија“

November 6, 2025
Фото: МикВести/Телеграм

Анџелина Џоли го посети разорениот од војна Херсон, на првата линија на фронтот во јужна Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРОЦЕСИ ИЗБОРИ

Локални избори 2025: СДСМ без Костадинов, ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

July 3, 2025 14:50
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Илустрација ВИ

Илустрација ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Крајот на јули, почеток на август се очекува да се распишат локалните избори 2025, што би се одржале на 19 или 26 октомври. Во меѓувреме се очекува да се изгласа на пленарна седница Предлог -законот за измени и дополнувања на Изборниот законик.

Во меѓувреме во партиите калкулации, превирања, најави за нови коалиции.

Костадинов отпаѓа од игра, Куманово останува без надежта за жена градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера на прес-конференција објави уште 11 имиња, кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори, како надополнување на претходната листа од 19 кандидати. Листите треба да се дополнат и да се потврдат од Извршниот одбор.

Струмичкиот градоначалник Костадина Костадинов нема да се трка за втор мандат, а за Филипче тој треба да се стави на располагање на партијата, како што таа сегоаш била тука за него.

Костадинов од своја страна изјави дека ја замрзнува својата припадност во СДСМ, со најава за ново интерпартиско делување по изборите. Неговата идеја за делување во или надвор од партијата е стратегија за привлекување на младите.

Втората одлука за кандидат за градоначалник во Општина Куманово да биде Мартин Костовски, ги фрли во вода надежите на актуелната советничка во Општината од редовите на СДСМ, Атина Мургашанска, за жена градоначалник во Куманово.

Мургашанска во интервју за ЦИВИЛ Медиа најави дека на листата на кандидати биле петтмина и дека е длабоко убедена дека кој и да се кандидира има големи шанси да победи бидејќи се работи за чесни кандидати без криминална позадина.

„Се надевам дека тоа ќе бидам јас и дека конечно, за прват во историјата Куманово ќе добие жена градоначалник“, изјави Мургашанска.

Што се однесува до Општина Кичево и коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ, Филипче одговори дека е отворен за разговори.

ВМРО-ДПМНЕ сигурни во победата, ЗНАМ сигурни во поддршката од ВМРО

Иако листата на ВМРО-ДПМНЕ за кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври уште не е комплетирана по објавените 33, премиерот Христијан Мицкоски ја искористи приликата да им посака, на СДСМ, успешен пораз.

Во недела ќе заседава Извршниот комитет, а утре ќе се разговара со ЗНАМ за начинот на коалицирање. Систематизиран пристап за локални избори има ВМРО, вели Мицкоски, а повеќе информации кога ќе се знае со кого ќе коалицираат.

ЗНАМ и овој пат амбициозно тргнува во изборна трка, на чело со актуелниот и дополнително кандидат за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

До средината на јули ќе се знаат кандидатите на ЗНАМ, а Димитриевски е убеден дека сите ќе победат. Партијата недвојбено ќе ја поддржи ВМРО каде што ќе нема свои кандидати, а за коалиција со ВЛЕН уште не се знае иако соработката е позитивна. Или како што изјави Димитревски, учеството на изборите го усогласуваат со најголемиот владин партнер, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме, за да кандидатурата му биде без ниедна дамка, кумановското обвинителство се откажа го гонење на Димитриевски за „злоупотреба на службената положба“.

Можни коалиции во албанскиот блок 

ВЛЕН излезе со листа на кандидати за градоначалници, иако и нивната треба да се докоплетира. Билал Касами повторно ќе се кандидира за градоначалник на Тетово, а Висар Ганиу за Чаир.

ВЛЕН нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ за овие избори. Сепак, можна е меѓусебна поддршка за вториот круг на изборите.

Што се однесува до Европски фронт, ЗАЕДНО( BASHKË) со Алијанса за Албанците на Арбен Таравари, заеднички ќе настапат, како коалициони партнери, на локалните избори. Како што дознава PressOnline.al, од партиски извори, постигнат е политички договор за поделба на општините.

 

На локалните избори ќе се гласа во 80 општини и Град Скопје, во вкупно 3480 избирачки места.

 

Б. Јордановска

Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ