• Latest

Локални избори во Белград

March 4, 2018

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Нов бран на руски терор: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Пропаганда под маската на новинарство: OpenAI откри како руски и ирански мрежи манипулирале со медиумите

October 10, 2026

(ИНФОГРАФИК) Банките доминираат на Македонската берза: Пет банкарски акции со над 71 отсто од редовниот промет

October 10, 2026

Шефот на Microsoft AI предупредува: Машините што веруваат дека имаат свест и права може да станат закана за човештвото

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Локални избори во Белград

March 4, 2018 08:25
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Откако повеќе години ја имаат апсолутната власт во Србија на сите нивоа, коалициите на партии предводени од  Српската напредна партија (СНС) на шефот на државата Александар Вучиќ (СНС) и од Социјалистичката партија на Србија (СПС) на министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, денеска ги чека неизвесен исход на изборите за органите на локалнта власт на Белград.

И самиот Вучиќ, кој е и претседател на Србија и лидер на СНС, изјави дека очекува неизвесен натпревар меѓу изборната листа на наговата партија, која настапува под името „Александар Вучиќ – Затоа што го сакаме Белград“, и сите останати.

– Мислам дека ќе имаме приближно еднаков број гласови со вкупниот збир на сите останати, изјави Вучиќ, додавајќи дека доколку опозицијата се обедини може да им „одземе само 30 мандати“.

Опозицијата има голема надеж дека во Белград денеска ќе успее првпат да јаи победи СНС на Вучиќ. Нивната надеж се темели, како што пишува „Данас“ на што поголема излезеност или доколку излезат 60 отсто од запишаните гласачи, како што смета Драган Ѓилас, кандидатот за градоначалник на Белград на Движењето на слободни граѓани (ПСГ), Народодната партија (НС) и Левицата на Србија (ЛС).

Кандидатот за градоначалник на Белград на листата „Да го ослободиме Белград“, составена од Демократската партија (ДС),  Социјалдемократската партија (СДС) и Новата ѕартија (НОВА), Драган Шутановац изјави дека анкетите укажуваат оти 60 отсто граѓани се против актуелната власт, а единствената дилема е дали ќе бидат мотивирани да излезат на гласање.

Според проекциите од анкетите на „Фактор Плус“ излезеноста би се движела меѓу 53 отсто, додека според ЦЕСИД таа би изнесувала 55 проценти, со задршка дека последните денови засилената кампањата може да има влијае на поголем одѕив.

– СНС има најдисциплинирани и најлојални гласачи и доколку излезеноста е поголема од 2014 година кога изнесуваше 50,66 отсто, неможе да се предвиди каде ќе отидат гласовите – дали за опозицијата, за аутсајдерите или на белите ливчиња, изјави Бојан Клачар од ЦЕСИД.

Последните валидни анкети за можниот победник на белградските избори се направени пред околу еден месец и сите предвидуваат победа на СНС со 37 до 40 отсто гласови или двојно повеќе од демократската опозиција. Но, куриозитет е дека никој не се повикаува на нив.

Самата изборна кампања, која е окарактеризирана како валкана, со доста обвинувања и медиумски блокади кон опозицијата, има акцент на политичка борба меѓу власта на Вучиќ и опозицијата, додека вистинските комунални проблеми се во втор план – како предлогот за изградба на метро, нови мостови, проектот „Белград на вода“, бесплатен интернет и други комунални идеи.

На изборите в недела Градската изборна комисија (ГИК) соопшти дека право на глас имаат 1.606.693 белграѓани, кои ќе гласаат за 24 изборни листи.

Така, владејачката СНС ќе настапи во коалиција со Социјалдемократската партија на Србија (СДП) на Расим Љајиќ и со Партијата на здружените пензионери на Србија (ПУПС) на Милан Кркобабиќ со изборната листа „Александар Вучиќ – Затоа што го сакаме Белград“, предводена од хирургот Зоран Радојичиќ.

Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Дачиќ на изборите оди со своја самостојна изборна листа во коалиција со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со министерот за енергетика и рударство Александар Антиќ како кандидат за градоначалник на Белград. На оваа изборна листа, како број 4 е единствениот кандидат со македонско потекло, угледниот адвокат Тома Фила. Како што изјави Дачиќ, со Вучиќ е договорено по изборите во Градското собрание да влезат во коалиција со владејачка СНС.

И опозицијата оди со повеќе листи. Претседателот на ДС Драган Шутановац ќе биде кандидат на наговата партија за градоначалник на Белград, поддржан од СДС на поранешниот српски претседател Борис Тадиќ, Нова на поранешниот премиер Зоран Живковиќ и Зелените.

Драган Ѓилас ќе биде кандидат на листата на ПСГ на Саша Јанковиќ, НС на Вук Јеремиќ, како и на Левицата на Србија на Борко Стефановиќ.

Најголемото изненадување е коалицијата на Саша Радуловиќ од Движењето Доста Беше (ДЈБ) со десничарската  партија Двери, како алтернатива и на власта, но и на демократската опозиција, со посебна листа под име „Овие да отидат, а оние да не се вратат“.

Со посебни листи на изборите ќе настапат и Либерално демократската партија (ЛДП) на Чедомир Јовановиќ, движењето „Не го давиме Белград“, радикалите на Воислав Шешешљ, Демократската партија на Србија (ДСС), а како кандидат за градоначалник се појавува и досегашниот претседател на Општината Нови Белград  Александар Шапиќ.

Во мноштвото изборни листи се и Движењето за обнова на Кралството Србија прдводено од внукот на Дража Михајловиќ, Воислав и поранешниот прв спикер и министер за култура Предраг Марковиќ, „Што правите бре“ на Марко Бастаќ, Граѓанската партија на Грците, но и листата на хитот на последните претседателски избори Љубиша Прелетачевиќ – Бели.

На изборите за главниот град на Србија, граѓаните не избираат градоначалник, туку само гласаат за листите на партиите или за коалициите, а градоначалникот го избира Собранието на Градот Белград. Меѓутоа, непишано правило е повеќето коалиции и партии пред изборите да ги најавуваат своите кандидати за градоначалник, доколку освојат доволен број на одборници за негов избор.

Изборите ќе се одржат и во општините Бор и Аранѓеловац.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: Белградлокални избориСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ