• Latest

Локдауни и протести низ Европа, СЗО загрижена поради ширењето на Ковид-19

November 21, 2021

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО КОВИД-19

Локдауни и протести низ Европа, СЗО загрижена поради ширењето на Ковид-19

November 21, 2021 10:23
in ВЕСТИ, КОВИД-19
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести, како советодавно тело на министерот за здравство, се целосно издржани. Целта е да се одржи релативно стабилната епидемиолошка состојба и да се зголеми интересот за вакцинацијата, вели министерот д-р Венко Филипче.

Тој појаснува дека мерките кои ги предлага Комисијата, комбинирано се користат скоро секаде во Европа. Некои земји имаат слични дури и поригорозни мерки.

-Вакви мерки има и во Германија, Австрија, Хрватска, во Грција каде се размислува да се воведе целосна забрана за влез во затворено, без разлика дали е на работно место или не, за невакцинирани. Нема друг начин да го заштитиме здравјето на граѓаните, но и здравствените капацитети. Во моментов и целиот изминат период болниците се полнат со невакцинирани пациенти 70-80 проценти од хоспитализираните се невакцинирани. Огромен број од колегите веќе имаат „burn-out“ синдром, знаете две години да се работи во ковид центри со таков интензитет не е едноставно. Има луѓе кои заболуваат и од други болести, не може нив да ги оставиме по страна. Не може да издржиме уште долго вака, да затвораме други одделенија, други пациенти да трпат, да им се одложуваат третманите, а ние да се занимаваме само со Ковид, рече Филипче.

Според него, не станува збор за принудна вакцинација, туку на граѓаните им е оставен избор – или да приложат негативен ПЦР тест кој треба да го платат сами, или да се вакцинираат бесплатно.

извор: МИА

Дека вакцините се докажано безбедни, ефикасни и штитат од тешка форма на болеста, Филипче го посочи примерот со Велика Британија и Украина. Во Британија, процентот на вакцинирани е над 70отсто , а пред два дена имаше 39.000 нови случаи и само 47 починати, Украина истиот ден имаше 12.000 нови случаи и преку 500 починати. Украина има само 20 проценти вакцинирано население, смртноста во оваа земја е 10 пати поголема.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во претходното деноноќие направени се 3.859 тестирања, 449 се нови позитивни случаи на Ковид-19, 317 се оздравени и 12 починати.

Досега во земјата се направени вкупно 1.446.403 тестирањана Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 211.831,бројот на оздравени пациенти е 195.941, на починати е 7.418, а бројот на активни случаи изнесува 8.472.

Ханс Клуге, СЗО, извор: МИА

Светската здравствена организација (СЗО) е „многу загрижена“ поради ширењето на Ковид-19 во Европа додека континентот се бори со нов бран инфекции, изјави за Би-Би-Си шефот на канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге.

Клуге предупреди дека до март може да се регистрираат околу 500.000 смртни случаи, доколку не се преземат итни мерки веднаш.

Тој рече дека обврската за носење маски може да помогне да се забави пандемијата.

Неколку европски земји забележаа рекордно високи стапки на инфекција, што доведе до делумно или целосно затворање.

Шефот на регионалната канцеларија на СЗО смета дека ваквата епидемиолошка состојба е поради студеното време, недоволно вакцинирани лица и доминацијата на позаразната Делта варијанта на вирусот.

извор: МИА

Тој повика на зголемување на бројот на вакцинирани, спроведување на основните мерки за јавно здравје и нови начини на лекување за да се спречи ширењето на болеста.

„Ковид-19 повторно стана главна причина за смрт во нашиот регион“, рече Клуге, додавајќи дека „се знае што треба да се направи“ за борба против болеста.

Клуге смета дека обврската за вакцинирање треба да биде „последна мерка“ на која се прибегнува, но дека би било вистинско време за „правна и социјална дебата“ за ова прашање.

– Пред тоа има и други средства како што се ковид сертификатите, рече тој, оценувајќи дека сертификатите не претставуваат „ограничување на слободата, туку се средство за зачувување на нашата индивидуална слобода“.

Во Загреб вчера се одржа голем протест против ковид потврдите и епидемиолошките мерки.

Демонстрантите се собраа на две места и излегоа на протестна прошетка низ улиците на главниот град на Хрватска.

Холандските здравствени власти,пак, соопштија дека почнале да ги одложуваат операциите за некои пациенти со рак и срцеви болести за да ослободат простор во единиците за интензивна нега поради рекордниот бран на инфекции со Ковид-19.

извор: МИА

–Тоа се пациенти кои треба да се оперираат во рок од шест недели по дијагнозата, а тоа нема да биде исполнето во сите случаи, изјави портпаролот на националната организација што распределува болнички ресурси.

Владата на почетокот на ноември повторно воведе задолжително носење маски во продавниците, а минатиот викенд повторно воведе делумно затворање.

Еден ден откако австриската Влада одлучи да воведе карантин за сите граѓани и задолжителна вакцинација од 1 февруари, противниците на корона мерките организираа протести во центарот на Виена.

Илјадници луѓе се собраа во центарот на градот, на неколку локации, а најголемиот собир беше во Хелденплац, каде Слободарската партија на Австрија (ФПО) повика на протест.

Меѓу насобраните беше и еден од првите „антиваксери“, Мартин Рутер, кој рече дека „тоа веќе нема никаква врска со демократијата и дека нема да дозволи наметнување вакцина“.

Протест во Виена, извор: МИА

Собирот го обезбедуваа 1.300 виенски полицајци, кои го контролираа носењето маски, бидејќи учесниците, според важечките епидемиолошки мерки, треба да носат маски ФФП2.

извор: МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ