• Latest

Лондонски белешки, инспирирани од повлекувањето на Џери Адамс

November 19, 2017

КОМУ ИДЕ: ВМРО-ДПМНЕ не сака, но нуди предвремени избори, ДУИ ги бара веднаш, СДСМ не сака да биде „алиби“, а ВЛЕН возврати со напад на ДУИ

August 21, 2026

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лондонски белешки, инспирирани од повлекувањето на Џери Адамс

November 19, 2017 12:53
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лондон беше во хаос тој 9 март 1994 година кога ИРА го изврши првиот од трите терористички напади на аеродромот Хитроу. Многу летови беа откажани, а на дел од улиците се појавија и специјални полициски сили, особено во околината на Бакингемската палата и Даунинг стрит. Привремената Ирска Републиканска Армија (ИРА) изврши три напади во рок од пет дена. Нападите беа извршени со 12 рачно направени ракетни проектили. ИРА најави дека нема да има жртви и дека ова е само опомена до британската влада, да ги симне ограничувањата за политичкиот и мировниот процес меѓу британската влада и партијата Шин Фејн, која во тоа време се сметаше за политичко крило на ИРА.

Еден од тие денови на ракетните напади, патниците на метро линијата Викторија беа принудени да се симнат и да бараат алтернативен начин за транспорт до нивните дестинации. Патување од Камден Таун каде што живеев, до Воксхол кај што работев обично траеше околу 30 минути. Тие денови тоа патување траеше најмалку еден час.

Остатоци од автомобилот од кој се лансирани проектилите во нападот на ИРА, Хитроу аеродром, Лондон, 1994

Како и Солунските атентатори на почетокот на 20-от век, така и ИРА испрати несмртоносно предупредување до британската држава. Без оглед на силното обезбедување и контроли, Хитроу беше погоден уште два пати, на 11 и 13 март. ИРА се поигра со безбедносно – разузнавачката супер сила како со детска играчка. Дури и кралицата Елизабета Втора беше принудена да слета со авион на Кралските воздухопловни сили (RAF), еден ден по првиот напад.

Во тоа време, лидер на Шин Фејн беше Џери Адамс кој ја водеше партијата од 1983 година, а своето повлекување од политиката го најави за наредната година кога партијата треба да се подготви за нови избори.

На конгресот на партијата на 18 ноември, по 34 години на највисоката позиција, 69-годишниот Адамс рече: „Мислам дека треба да ви кажам – бев привилегиран да бидам дел од едно неверојатно лидерство… Лидерство значи дека треба да се знае времето за промени, а тоа време е сега… Наше најголемо достигнување е градењето на мировниот процес…“

Неволјите (The Troubles) започнаа кон крајот на 60-те години. Според индексот на жртвите на Малколм Сатон, само во периодот од 1969 до 1993 година, животот го загубија 3.254 лица во 36.900 вооружени инциденти и 16.200 успешни и неуспешни бомбашки напади. По неколку деценискиот конфликт кој се одвиваше паралелно со кршливиот мировен процес, испрекинуван со безброј инциденти и неуспешни договори и прекини на огнот, со потпишувањето на познатиот Договор од Белфаст (Договорот од Великиот Петок) на 10 април 1998 година, се стави крај на непријателствата.

Џери Адамс беше суштински важен за долгиот и тежок политички и мировен процес меѓу Северна Ирска и Британија, икона на ирските борци за слобода и рамноправност, контроверзен, често напаѓан од двете спротивставени страни, но цврст и одлучен политичар и лидер. Таа 1994 година ќе ми остане во сеќавање и по една изјава на Адамс за една американска ТВ куќа во која вели: „Сфатив дека да се гради мир е многу потешко отколку да се води војна“.

Џ. Дерала

Tags: 1994ИРАлидерЛондонтероризамЏери АдамсШин Фејн
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ