Лорд Пиклс, специјален претставник на Обединетото Кралство за пост холокаустот прашањеа, на својата Твитер сметка го објави одговорот на изјавата на рускиот претставник кој ја отфрли загриженоста на Украина во врска со навредите за денацификација како „глупост“, дадена на Конференција за справување со антисемитизмот во регионот на ОБСЕ која се одржува во Скопје.
At @OSCE conference the Russian representative dismissed Ukraine’s concerns over denazification slurs as “nonsense“. This was my response at the meeting. @UKinRNMacedonia pic.twitter.com/LdwpSbVuOo
— Lord (Eric) Pickles (@EricPickles) February 7, 2023
Би сакал да се поврзам со забелешките со моите колеги од Украина и од САД. Иако аналогијата со Втората светска војна ретко функционира, треба да се каже дека има само еден агресор кој убивал деца, силувал жени и заземал друга земја со сила.
Ако Русија е сериозна во врска со мирот и територијалните претензии, не треба да ги таргетира жртвите и локациите на холокаустот.
Жртвите на холокаустот кои ја преживеаја Втората светска војна, го преживеаја Сталин, сега се убивани во своите домови од руските бомби.
Има само една земја што користи ирански оклоп и беспилотни летала. Земја чија официјална државна политика е негирање на Холокаустот.
Аргументите на Руската Федерација остануваат неубедливи. Членството (на ОБСЕ) цврсто стои со украинскиот народ, напиша Лорд Пиклс во објавата.