• Latest

Лукаревска: Имаме законска надлежност да водиме постапка за имот на лица чие потекло не може да се докаже, од неа не се изземени вработените на УЈП

June 23, 2023
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Имаме законска надлежност да водиме постапка за имот на лица чие потекло не може да се докаже, од неа не се изземени вработените на УЈП

June 23, 2023 12:52
in ЕКОНОМИЈА, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Соочена со закани од генерален штрајк кој реално може да предизвика колапс на економското работење, директорката на УЈП Соња Лукаревска во интервју за „Локално“, изразува верба дека сепак ќе се најде заедничко прифатливо решение.

Ситуацијата во којашто е таа сепак е далеку од розова.

„Воопшто не е пријатно да се  раководи со институција во која вработените искажуваат незадоволство особено што и јас пред да станам директор на УЈП, дојдов баш од редот на вработените и заеднички се залагавме за подобри права на вработените“, вели Лукаревска.

Посочува дека уште од почетокот е вклучена во процесот на договарање за склучување на нов Колективен договор на УЈП , изодувајќи ги  сите чекори заедно со претставниците на репрезентативниот синдикат на УЈП, па во оваа насока нејзината подршка продолжува.

Според неа, институцијата до овој момент  не се соочува со позначителни проблеми и реакции од страна на даночните обврзници. Во пракса тоа значи дека, јавноста  е запознаена со  периодот и времетраењето на  прекинот на работа во кој не можат да ги добијат потребните услуги.

Сепак, вели Лукаревска,  веќе се чувствува нивната загриженоста за најавениот генерален штрајк од страна на Синдикатот на УЈП што би значело целосен прекин на работењето во УЈП.

Во однос на сугестијата на премиерот Ковачевски директорите на УЈП и Царина  да изнајдат модел за проверка на имотна состојба на вработените, директорката Лукаревска вели:  „Сметам дека вработените не би имале против и би ја поддржале оваа иницијатива. Управата за Јавни приходи има законска надлежност да води посебна постапка за  имот на физички лица чие потекло не може да се докаже, од која не се изземени и вработените во Управата за јавни приходи“.

Предупредувањата за генерален штрајк на 27 јуни стануваат се пореални. Колку сме како држава подготвени  за сите последици кои предвидуваат не само нарушување на исплатата на платите и пензиите туку и блокирање на бизнис секторот и повратот на данок?

-Управата за јавни приходи е институција која преку собирање на даноците обезбедува средства за финансирање на функциите на државата и задоволување на општите и заеднички потреби на целокупното општество. Исто така има есенцијална улога во повеќе економски сегменти од кои зависи поголем дел од функционирањето на стопанството и воопшто економијата во земјата. Како институција која има дигитализирани услуги може да одговориме на потребите на корисниците на услугите, но сепак за да се финализира целиот процес неопходен е човечки фактор. Во  таа насока сакам да истакнам дека даночните службеници се значајна алка за правилен тек на фискалната политика во државата.

Пред неколку дена изјавивте дека сте против ваквите ригорозни чекори бидејќи носат несогледливи последици. Колку според вас има сеуште простор за да се примени вашето решение да се почека Општиот колективен договор имајќи ја во предвид нетрпеливоста на вработените.

-Воопшто не е пријатно да се  раководи со институција во која вработените искажуваат незадоволство особено што и јас пред да станам директор на УЈП дојдов баш од редот на вработените и заеднички се залагавме за подобри права на вработените. Уште од почетокот сум вклучена во процесот на договарање за склучување на нов Колективен договор на УЈП и ги изодевме сите чекори со претставниците на репрезентативниот синдикат на УЈП. Мојата поддршка продолжува и понатаму и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение прифатливо за сите засегнати страни.

 Основниот аргумент на синдикатот е незадоволството поради зголемување од 78% на платите на функционерите но и покачување од 30% коишто  го добија вработените во Министерството за финансии. Кој би бил контра аргумент особено ако се има предвид фактот дека синдикатите не се согласуваат со предлогот платите на вработените да се зголемуваат до 2028 година за на  крајот да дојдат до покачен износ од 7000-7500 денари?

-Даночните службеници согласно Закон за Управата за јавни приходи се административни службеници со посебни должности и овластувања и платата се утврдува со Колективен Договор на ниво на работодавач. Во оваа насока беа водени и преговорите со репрезентативниот синдикат на УЈП и неблагодарно е да се впуштам во прејудицирање на исходот од општото колективно договарање и што истото би значело за Управата за јавни приходи. 

Премиерот Ковачевски сугерираше дека директорите на УЈП и Царина треба да изнајдат модел за проверка на имотна состојба на вработените. Како планирате да го спроведете ветингот какви се реакциите на вработените за ваквата можност?

-Сметам дека вработените не би имале против и би ја поддржале оваа иницијатива. Управата за Јавни приходи има законска надлежност да води посебна постапка за  имот на физички лица чие потекло не може да се докаже, од која не се изземени и вработените во Управата за јавни приходи. 

Предлог е и да се воведе систем на перформанси кој колку придонесува во работата? Кога може да се реализира мерливоста на придонесот во работата.

–Во Управата за јавни приходи има воспоставен систем на мерење на учиноци на вработените а исто така и систем на  нивно годишно оценување.

Вработените од УЈП од 15 јули  секој ден од 10 до 12 часот штрајкуваат без да ги извршуваат своите обврски од работно место. Дали овој начин на револт ги појави првите проблеми и нервози особено ако се има предвид дека веќе неколку дена не функционира електронскиот систем за наплата на даночните обврски?

-До овој момент не се соочуваме со позначителни проблеми и реакции од страна на даночните обврзници. Со оглед на медиумската покриеност на случувањата во УЈП, јавноста  е запознаена со  периодот и времетраењето на  прекинот на работа во кој не можат да ги добијат потребните услуги. Но веќе се чувствува нивната загриженоста за најавениот генерален штрајк од страна на Синдикатот на УЈП што би значело целосен прекин на работењето во УЈП.

Поранешната директорка на УЈП Илиеска вели дека бројките за повисоки нето и бруто плати се далеку од фалење бидејќи вредноста на платата е помала. Ве молиме за ваш коментар на ваквите обвинувања.

-Она што Владата изминатите години го направи во делот на зголемување и на минималната плата и просечната плата беше поздравено од страна на работниците а сите процеси се водеа заедно со Синдикатите и ниту едно законско решение не беше донесена без заедничко усогласување. Тоа заборува за начинот и политиките со кој се третираат работниците нивните права и претставниците кој ги бранат правата на работникот.

 

Tags: Сања ЛукаревскаУЈПШтрајк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ