„При крајот на летото започна дебатата и разговорите со сите засегнати страни. Сите забелешки за даночната реформа се ставени на хартија и дел од нив се прифатени. Морам да напоменам дека ние ја зголемуваме даночната база, но не и даночните стапки“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.
Таа додаде дека останува отврено прашањето за прогресивното оданочување, а најави дека се прави ревидирање на даночните ослободувања и олеснувања бидејќи во нашето опкружување, земјава има најголем број на даночни ослободување и олеснувања.
„Со даночната реформа сакаме онаму каде имаме дизбаланс да направиме неутрален момент. Да ги зајакнеме даночните услуги, ќе се ревидираат договорите за избегнување на двојно оданочување, ќе ја зајкенем борбата против сивата економија, се со цел да имаме транспарентен и стабилен даночен систем“ рече Лукаревска.
Директорката на УЈП додаде дека ќе се даде шанса и на зеленото, односно еколошко оданочување кое е популарно во сите европски земји.
Според Лукаревска Буџетот за 2023 година е реален и остварлив.
„Буџетот за идната година е направен во координација со сите министерства и инститиции и тој е реален и остварлив. Таму е обрнато внимание на се што треба да содржи буџетот – инвестиции, инфраструктура, но и помош на компани, ранливи категории на граѓани итн.“ изјави директорката на УЈП, Сања Лукаревска во „Студио 10“ на ТВ24.
Таа додаде дека УЈП има обврска со 74 отсто да го наполни буџетот за следната година, што е најмногу откако таа е на оваа позиција, но кажа дека тие како даночна управа можат да го сторат тоа според нивниот план и анализи. „Имаме раст на собраните приходи по сите основи споредено со минатата година, но и споредено со планот на УЈП“ кажа Лукаревска.
Директорката на УЈП рече дека даночната управа ќе продолжи да работи со компаниите со цел да им излезе во пресрет во кризата, но исто така повика од нив да бидат солидарни со остатокот од општеството.