Референдумите низ светот се најдемократскиот и најпрактикуваниот интрумент поврзан со големите одлуки за една земја. За Швајцарија референдумите се вообичаени и за многу мали прашања, но ја развива локалната демократија, ја подджува волјата на народот за одлуки од голема важност.
Македонија немала многу вакви шанси, сметам дека овој референдум над се треба да биде референдум за зајакнување на свесноста кај граѓаните, за важноста на оваа алатка. Можеби малку се прави во правец на објаснување на референдумот, мотивирањето на на граѓаните за да го искористат своето демократско право. Мислам дека по еден долг период на дестабилизација на земјава, по еден долг период без перспективи, можноста што им се пружа на граѓаните со овој референдум е многу голема. Сметам дека треба повеќе да се работи на јакенњето на свеста, за важноста на одлуката „за“ или „против“ на овој референдум. Македонија е држава којашто имаше потреба за еднa ваква определба затоа што граѓаните живееа со години во земја без перспективи, сите процеси беа закочени од конкретниот проблем – спорот со името, и овој референдум е за тоа еднаш засекогаш да ја отстраниме оваа пречка, оваа бариера на патот на развојот на земјата, и да видиме нови перспективи коишто веројатно нема да бидат лесни. Постигнувањето на цензусот е проблематично на двете страни, кај Албанците некако не е многу развиено излегувањето на гласање, треба многу да ги мотивираш, политичките партии ги мотивираа додека имаа некаков интерес. Во овој случај ќе биде потешко да се мобилизираат и Албанците, но сепак, поделеноста кај Македонците е поизразена, и би кажал дека треба огромна работа да се постигне овој цензус, и ако се псотигне, ќе биде голем успех. Сепак, ова е прашање што засега виси во воздухот.
Видео интервјуто е дел од граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“, финансирана од Фондацијата Отворено општество – Македонија. Содржината е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги изразува гледиштата и ставовите на граѓанската иницијатива „Зачекори напред!“.