Љупчо Николовски, заменик премиерот за борба против корупцијата и криминалот за перспектвите и предизвиците на Владата во борбата против корупцијата:
„Во борбата против корупцијата Владата постави јасна цел и темели во четиригодишната програма. Да градиме систем кој одвраќа од состојби на корупција и јасно ја лоцира одговорноста. Пред три месеци на предвремените избори ја добивме довербата на граѓаните и затоа имаме обврска и одговорност да се справиме со сите сериозни предизвици која ги поставува корупцијата пред нас. Бидејќи ветивме дека ќе владее правото започнуваме отворена битка во која некој што го прекршил Законот нема да биде изземен од одговорност, заедно со мојот кабинет сме решени да работиме на мерки и активности кои ќе придонесат во спречувањето на корупцијата. Подготвени сме да дадеме сѐ од себе и до крајот на мандатот да покажеме дека можеме поинаку и да постигнеме позитивни резултати пред граѓаните. Процесот не е лесен и факт е дека не може нешто што со години се толерирало да се реши веднаш, но затоа за ефикасни мерки и резултати потребна е вклученост на сито изминатите три месеци успеавме да преземеме дел од нашите мерки за превенција и борба со корупцијата, но има уште многу работа.
Прво што започнавме воведовме пракса за интензивна координација и меѓуинституционална комуникација на едно место на сите институции надлежни токму за борбата против организираниот криминал и корупцијата. Од одржани состаноци со сите институции заеднички детектиравме многу слабости и проблеми на кои ќе работиме во периодот што следи. А истите се провлекувале со години, но и влијаеле врз забавување на процесите и недоверба на граѓаните во институциите, како што се недоволната кадровска екипираност, неефикасната дигитализација, отсуството на меѓуинституционалната размена на документи, на податоци и информации битни за сите процеси. Затоа со поддршка на УСИД започнуваме проект за поддршка на Платформата за интероперавилност. Со тоа ќе ја подобриме поврзаноста на институциите и нивната меѓусебна размена на сите информации и податоци. На тој начин ќе се забрза и процесот на постапување и решавање на предметите што се од интерес на граѓаните и државата во целост.
Инспекциските служби се важен контролен механизам за спроведување на законите, уредбите и протоколите, затоа воспоставивме интензивна координација со инспекцискиот совет, во насока на поефикасни контроли со законски измени ги зголемивме надлежностите на сите инспекциски служби. Новите измени ја оправдаа целта, а резултатите се видливи. Новиот контролен механизам кој го имаат сега инспекторатите има и превентивна улога, се намалуваат прекршоците на законите, мерките, но и на субјектите кои мислеа дека можат да ги прекршуваат законите, а притоа да немаат одговорност. Со новиот Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и на функционерите именувани од Владата, освен министрите и заменици министри се опфатени сите функционери именувани од Владата, до најниско ниво.
На овој начин ќе ја зголемиме транспарентноста и отчетноста на сите функционери и институции и ќе покажеме дека Законот важни подеднакво за сите, дека не постои селективност во неговата примена. Ќе посочам дека пред извесен период имаше разрешување на функционери што ги прекршија одредбите од Кодексот уште на самиот почеток на нашиот мандат. Транспарентноста и отвореноста се половина од борбата против корупцијата, затоа Владата донесе одлука со која сите надлежни институции, вклучително и општините и градот Скопје се обврзани во рокот од 30 дена да ги објават јавно на своите веб страници сите документи и информации поврзани со нивната работа.
Транспарентноста и отвореноста се половина од борбата против корупцијата, затоа Владата донесе одлука со која сите надлежни институции, вклучително и општините и градот Скопје се обврзани во рокот од 30 дена да ги објават јавно на своите веб страници сите документи и информации поврзани со нивната работа. Функционерите се лицето на државата и тие треба да се најдоброто од нас, затоа и правата кои ги имаат тие функционери не можат да останат без контрола. Формиравме работна група чиј што приоритет е да ги ревидира дискреционите овластувања кога станува збор за именување на функционерите
Функцијата која имам чест да ја извршувам не значи некаква казнена експедиција ниту пак некаков паралелен на постојните институции. Секоја одлука се носи со основа, со анализа и со причина, но ни треба и будна јавност, храбри и независни медиуми, ни треба невладин секор кој е коректив. Ние како Влада ќе бидеме партнер на сите чинители во законодавната, извршната и судската власт, како и на граѓанското општество, регулаторните тела, медиумите и сите кои сакаат да придонесат кон градење на систем кој што ќе им служи на граѓаните“.
обработка на текст: Б. Ј.
монтажа: Ариан Мехмети