• Latest

Меј и Трамп: Да се спречи сириската Влада од употребата на хемиско оружје

April 13, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Меј и Трамп: Да се спречи сириската Влада од употребата на хемиско оружје

April 13, 2018 07:45
in ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп во  синоќешниот телефонски разговор се согласија дека од клучно значење е да се спречи сириската Влада и понатаму да употребува хемиско оружје, се посочува во соопштението од Даунинг стрит 10.

– Меј и Трамп се согласија да продолжат блиску да соработуваат за меѓународнито одговор на употребата на хемиско оружје во Сирија, се посочува во соопштението.

Двајцата лидери разговараа откако британската Влада и даде „зелено светло“ на премиеката да им се придружи на САД и на Франција во планирањето на воена операција како одговор на наводниот хемиски напад во Сирија.

Владината седница траела два часа, на која беше поддржан планот на Меј да работи со двата сојузници на „координација на меѓународниот одговор“.

Но, Владата не прецизира време ниту обем на акцијата.

– Кабинетот е согласен со потребата да се преземе акција за да се олеснат хуманитарните проблеми и да го одврати режимот на Асад од понатамошна употреба на хемиско оружје“.

Британската опозиција побара за евентуалната воена акција да се гласа во Парламентот. Премиерката нема законска обврска да го направи тоа иако е вообичаено.

И Трамп синоќа имаше состанок со неговиот тим за национална безбедност по повод ситуацијата во Сирија, што заврши без конечна одлука за евентуален воен напад.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека на состанокот „не е донесена конечна одлука“.

– Продолжуваме да ги проценуваме разузнавачките информации и ангажирани сме во разговорите со нашите партнери и сојузници, посочи Сандерс.


Извор: МИА

Tags: МејСиријасоопштениетелефонски разговорТрамп
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ