• Latest

„Магнум опус“ – дизајнирани скулптури во форма на лименка

May 13, 2018

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Магнум опус“ – дизајнирани скулптури во форма на лименка

May 13, 2018 11:57
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Ликови од различни епохи – фараони, мислители, актери и музичари, насликани  на скулптури од метал во форма на лименка се претставени на изложбата „Магнум опус“ во Центарот за современа уметност АРТ Скопје.

Изложбата е заеднички проект на тројца слободни уметници – Гордана Винчиќ, Игор Љубовчевски и Владо Костов. Тие направија повеќе од 20 специјално изработени и дизајнирани скулптури во форма на лименка, на кои се насликани: Тутанкамон, Клеопатра, Бетовен, Никола Тесла, Алберт Ајнштајн, Брижит Бардо, Грејс Кели, Ингрид Бергман, Вивиен Ли…

Тутанкамон лименка

Склуптурите се високи 60 сантиметри, со пречник од 30 сантиметри и тешки три килограми. Користен е индустриски метал, акрил, туш и комбинирана техника.

Магнум 1

– Ликовите на скулптурите не поведуваат во интересен времеплов што го одбележале големи магови, бардови, херои и хероини што оставиле трага во историјата, филмот, поезијата, музиката и науката. Секој од нас тројцата автори на проектот му пристапи со својот креативен сензибилитет – Владо Костов е познат со своите скулптури изработени од рециклирано железо и ги изработи лименките,  Игор Љубовчевски ги наслика портретите во поп-арт манири, а јас се погрижив за нарацијата и концептот преку симболиката и колоритот, изјави за МИА Гордана Винчиќ, една од тројцата автори на изложбата.

Магнум автори

Со Игор Љубовчевски таа и претходно има соработувано на проекти, и нивните дела биле претставувани на изложби во земјава и во странство. Овојпат, вели, интересно е што тројца уметници учествуваат на исто дело.

Магнум лименка 1

Покрај колоритот, симболиката и нарацијата, изложбата, според нејзните автори, има цел и да ја поттикне свеста на современиот човек за етичноста кон рециклирањето.

Магнум каталог

– Најинтересна форма за трансформација на металот беше сеприсутната,  нам глобално познатата лименка, чиј „татко“ бил Петер Дуранд во 18 век. Трудот, вештината и имагинацијата кои ги вложиле  за да го пронајдат рецептот бил наречен „магнум опус“. Избраните ликови, претставени на скулптурите, се ликови кои низ историјата барајќи го својот магнум опус оставиле трага во трезорот на цивилизацијата, наведуваат уметниците во каталогот за изложбата која беше отворена во петокот и може да се посети до 11 јули. (МИА)

Tags: изложбалименкискулптури
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ