„Вашите деца треба да живеат во мир, бидејќи животот на мојот син заврши на четири годишна возраст. Мојот Алмир не знаеше да прави етнички поделби, тој мечтаеше да игра со другарчињата и да учи, но, за жал, еден криминалец со умисла сето ова го прекина“, рече мајката на починатиот Алмир, на протестот кој се оддржа пред Влада.
Таа додаде дека се бореле за албанскиот јазик, и дека ќе продолжат да се борат за правдата која им недостасува на Албанците, бидејќи како што рече: „Нашите деца не успеваат да го уживаат својот јазик, затоа што ги убиваат и ги претвараат во сообраќајни несреќи“.
„На обвинителката Кусигерска и кажувам дека немам потреба од нејзината милост, од нејзе барав правда за мојот син. Мојот син го убивте по вторпат. Правдата еден ден ќе дојде, а убиецот нема веќе да биде мирен“, порача мајката на Алмир.
Дехран Муратов
Монтажа: Ермин Климента
Фотографија: Маја Ивановска