• Latest

Македонија: Преглед на дневни настани (9 јуни 2016)

June 10, 2016

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на дневни настани (9 јуни 2016)

June 10, 2016 13:27
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија: Седница на Државната изборна комисија || Јоханес Хан: Идните реформски мерки се неопходни! || Божин Павловски: Не сум потписник на предлогот за Иванов || Судската администрација продолжува да штрајкува || (ВИДЕО) Антикорупциската комисија – лидер во неработење во регионот || Специјалното јавно обвинителство продолжува со работа || Нова анкета на ИРИ || Преговорите ќе продолжат || МВР има обврска да ги заштити граѓан(к)ите || Шарената револуција одбројува.

timeline-logo-01-c

 

Седница на Државната изборна комисија

dscn7329-470x246

Со 9 гласа „за” и ниту еден „против”, без никаква дискусија и расправа, на една од последните седници, членовите на Државната изборна комисија си поделиле по околу 3.600 евра за досегашниот ангажман во комисијата. Секој член на ДИК месечно добива и по околу 1.000 евра плата. На другите теми, резултатот е поразителен – ДИК  потроши многу време и пари, а резултат нема. Консензус, за тие прашања,  многу ретко се постигнува. Но, не и кога станува збор за хонорарите.

Јоханес Хан: Идните реформски мерки се неопходни!

Македонската Влада и политичките партии се обврзаа да го почитуваат Договорот од Пржино и итните реформски мерки се неопходни, особено и оние за прашањата на малцинствата, изјави еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

Зоран Заев се сретна со амбасадорот на Полска Јацек Мултановски

zoran-zaev-470x246Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со амбасадорот на Полска, Јацек Мултановски. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, планот за излез од кризата и за евроатланските интеграции на земјата, се вели во соопштението од СДСМ. Заев и полскиот амбасадор заеднички констатирале дека повлекувањето на аболицијата е добра можност да се отвори пат за враќање на правдата.

Божин Павловски: Не сум потписник на предлогот за Иванов

„Сепак, јас не сум потписник на предлогот за Ѓорге Иванов. Некој ставил потпис наместо мене. Иако се поминати многу години оттогаш, се обидов да го составам мозаикот“, вели академик Божин Павловски. „Предлогот со потписите на интелектуалците му бил неопходен на господинот Никола Груевски, затоа што во кругот на неговите блиски соработници постоел отпор за Иванов, кој тогаш не бил член на партијата. Лобирањето се изведувало од повеќе страни и верно се создала клима, најпосле Македонија да добие претседател од редот на интелектуалците”, вели Павловски.

Судската администрација продолжува да штрајкува

Судската администрација продолжува со штрајкот и покрај тоа што денеска не блокираа улици. Од Синдикатот на УПОЗ велат дека министерот за правда сé уште е глув за нивните барања. Тие викендов ќе одлучат какви протестни форми ќе преземат од понеделник, а штрајкот нема да биде прекинат додека покачувањето на додатоци за плата не биде изгласано во закон.

(ВИДЕО) Антикорупциската комисија – лидер во неработење во регионот

Со доаѓањето Горан Миленков на чело на Комисијата за антикорупција, нејзиниот буџет порасна од 352.000 евра во 2014 година, на 520.000 евра во 2016. Бројот на вработени порасна од 24 во 2014, на 31 лице во 2016 година. Сепак, во 2015 година овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата поднел само 1 пријава! Тоа е најмалку во регионот.

Специјалното јавно обвинителство продолжува со работа

dsc_0044-600x300Специјалното обвинителство ги стави на списокот осомничени лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  и градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски за случајот соуривањето на „Космос“. Катица Јанева бара од Кривичниот суд мерки за претпазливост за нив,  по што екс-премиерот, најверојатно за прв пат ќе се појави на распит во судот.

Нова анкета на ИРИ

Политичката нестабилност во Македонија расте и довербата во инститициите опаѓа, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон. Според оваа анкета, поддршката за претседателот Ѓорѓе Иванов е намалена од 4 на 2%. Дури 64% од испитаниците не ја одобруваат одлуката на Иванов за помилување на политичарите вмешани во скандалот со прислушувањето. Институција со најголема доверба кај граѓаните е новоформираното Специјално јавно обвинителство, за кое 63% од анкетираните се изјасниле дека ја поддржуваат неговата работа.

Преговорите ќе продолжат

aivo-i-orav4-470x246Аиво Орав и Џес Бејли повторно во акција – по заминувањето на германскиот пратеник Јоханес Хајндл, наголемо се подготвува терен за преговори, како и за повторно седнување на маса на лидерите на четирите партии потписници на Договорот од Пржино. На амбасадорскиот двоец им помогнал и лидерот на СДСМ, Зоран Заев – кој покренал иницијатива за средба со останатите лидери. Сепак, и покрај иницијативата на Заев, во прво време. преговорите најверојатно ќе продолжат на партиско, ниво во рамки на работни групи, под медијација на Орав и Бејли, очекувањата се дека дури потоа лидерите ќе се видат.

МВР има обврска да ги заштити граѓан(к)ите

13346902_980158275435975_5677961489213704608_n„Министерството за внатрешни работи има законска обврска да ја гарантира безбедноста на граѓаните доколку има јавен настан, собир, протест…“, вели правниот експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Сандра Гавриловска.

Павле Богоевски, активист на Шарената револуција, изјави дека вчерашната блокада не беше пријавена во МВР, со што всушност, беше искористено уставното право на ненајавен протест, но локациите на блокадите беа однапред искомуницирани со полицијата. Сепак, ова не мора да значи дека полицијата треба да стои на страна и да не презема никакви мерки.

Шарената револуција одбројува

UntitledДемонстрантите на Шарената револуција со герила-акција потсетија на својот ултиматум и на крстосницата во близина на СЈО испишаа голема „деветка”, колку што има денови до истекот на рокот за нивните барања – 18-ти јуни.

 

 

Најави

Бори се против апатијата – обука за граѓанско новинарство (10:30-18 часот, настан од затворен карактер, учество само со одобрена апликација) и церемонија за доделување награди за граѓанско новинарство (18-19 часот, отворен за јавноста).


german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на дневни настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ДИКдневни настаниЃорѓе ИвановизбориМакедонијапрегледПреговориСЈОЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ