• Latest

Македонија: Преглед на настани (08 јули 2016)

July 8, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (08 јули 2016)

July 8, 2016 23:19
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (08 јули 2016 година): Владата ќе го укине Советот за утврдување на факти и одговорност на судиите || Нова задолжување на Македонија || Апелациониот суд нема да ја изземе судијката Поп Стефанија од случајот “Тврдина” ||  Презентиран документот „Предлогот за итни демократски реформи”

хв

 

Владата ќе го укине Советот за утврдување на факти и одговорност на судиите

Советот за утврдување на факти и одговорност на судиите, според последната одлука донесена на седница на Владата – ќе се укине! Правниот експерт на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Сандра Гавриловска, смета дека во услови на политичка криза и на инфициран правосуден систем, оваа одлука на Владата е нелогична. „И покрај се посилните меѓународни притисоци, особено за функционирање на нашиот инфициран правосуден систем, апсурден се чини ваквиот најнов ‘изум’, односно, предлогот на Владата за укинување на Советот за утврдување на факти, и изгледа само како уште еден обид за продлабочување на политичката криза”, вели Гавриловска.

Нова задолжување на Македонија

untitled-470x246

Максималниот износ на новото задолжување со еврообврзница која ке се емитува во 2016 година е 650 милиони евра. Ова е одлуката на Владата, донесена на седницата одржана на 21 јуни, која веќе е објавена во „Службен весник“. ЦИВИЛ Медиа разговараше со Џевдет Хајредини, економски аналитичар. По сите сигнали кои стигнуваат  за секнување на другите приливи што влегувале во Македонија, еве и последните мерки на Европската комисија, ја прават ситуацијата многу, многу сложена.  Условите се многу тешки и во тој случај се прифаќа каматата која е многу повисока. Друг излез Владата нема, а какви последици ќе имаме, наскоро сигурно сите граѓани ќе бидеме сведоци”, смета Хајредини.

Апелациониот суд нема да ја изземе судијката Поп Стефанија од случајот “Тврдина”

Апелациониот суд одлучи судијката Александра Поп Стефанија и натаму да остане во случајот „Тврдина“ и го отфрли барањето на Специјалното обвинителство кое бараше нејзино изземање од овој предмет. Жалбата на СЈО апелационите судии ја одбиле како неоснована.Специјалното обвинителство на 23 јуни поднесе барање за изземање на Поп Стефанија како судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1, која постапуваше по предлог на ова обвинителство за мерките за обезбедување присуство на осомничените во случајот „Тврдина“. СЈО прво поднесе жалба до Кривичниот суд, но откако беше одбиена, се жалеше и до повисокиот суд, но и Апелација ја одби жалбата.

Презентиран документот „Предлогот за итни демократски реформи”

DSC_0012

Група граѓански организации и експерти, на денешната прес конференција го презентираа документот „Предлогот за итни демократски реформи”, со кој на концизен начин се дава насока за клучните демократски промени во земјата потребни за фер, слободни и кредибилни избори.  ЦИВИЛ – Центар за слобода, е еден од иницијаторите заедно со повеќе граѓанските организации и експерти.


 

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: долгеврообврзнициМакедонијаСЈОЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result