• Latest

Македонија: Преглед на викенд настани (11-12 јуни 2016)

June 13, 2016

Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

October 28, 2025
Мобилни единици за дронови пукаат врз руски дронови што се движат кон Кијив на 3 јули 2025 година. Фото: Олекандр Рихлички/Генерал штаб на Украина/Телеграм

Извештај на ОН ја обвинува Русија дека користи дронови за лов на цивили во близина на фронтот и ги принудува да ги напуштат своите домови

October 28, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК ги објави конечните резултати за вкупно 44 општини, во 33 општини ќе има втор круг на гласање, во три избирачки места за советници во Шуто Оризари ќе се повтори гласањето

October 28, 2025
Hamas releases Israeli hostages
source> CBS video

Спорот околу трансферот на заробеници од Хамас се претвора во „политички театар“

October 28, 2025
Скриншот од видео на Meanwhile in Ukraine. Facebook

(ВИДЕО) Италијански сенатор го нарече Џефри Сакс лажго и пропагандист на Путин

October 28, 2025
Фото: Wikimedia commons

ЕУ ги осуди израелските напади врз мировници на ОН во Либан

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025
ВЛЕН
Фото: Фб страница на Зеќирија Ибрахими

ВЛЕН со едногласна поддршка на Касами за втор мандат во Тетово

October 28, 2025
Фотонтажа: Користени фортографии од Лукоил Македонија/Фејсбук

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025

Косово се соочува со ризик од буџетска парализа, предупредуваат финансиски експерти

October 28, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на викенд настани (11-12 јуни 2016)

June 13, 2016 09:26
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Викенд преглед на најважните настани во Република Македонија (11-12 јуни 2016 година): Неопходно е да се формира Специјално одделение во Судот || Власта неовластено снима  ||Само оставка може да го оправда Ѓорге Иванов || Меѓународната федерација на новинари го осудува апсењето на Зоран Божиновски || Невладините организации да се вклучат во ажурирањето на Избирачкиот список || СЈО не коментира политички изјави || И малите партии да се вклучат во преговорите. 

timeline

11.06.2016

Неопходно е да се формира Специјално одделение во Судот

Адвокатот Звонко Давидовиќ, вели дека е крајно време за формирање на специјално одделение во судот, во кое ќе се постапува по истрагите на Специјалното обвинителство. Специјалното одделение би функционирало само доколку однапред се знае дека судиите во неговиот состав се независни, без надворешни влијанија, оценуваат дел од правниците. Адвокатот Давидовиќ вели дека по примерот на Специјалното обвинителство, Специјалното одделение, како посебно тело, ќе може да работи независно.

Власта неовластено снима и „дистрибуира„ снимки на свои медиуми

На Интернет портaл што е под строга контрола на власта, беа објавени снимки од протестот на Шарената револуција, кога демонстрантите ја боеја улицата пред Собранието на Република Македонија. Порталот што ја објави снимката, напиша дека „дошле до снимките“, меѓутоа, не наведе како и од кого го добиле видео материјалот. Адвокатката Сандра Гавриловска, за ЦИВИЛ Медиа изјави дека МВР има право да им дава снимки на медиумите, но, дека медиумите мора да го наведат изворот од каде потекнуваат снимените материјали што ги објавуваат.

Само оставка може да го оправда Ѓорге Иванов

13055765_955247861260350_2218074716732916159_o

Само оставка може да го оправда Ѓорге Иванов, по неговата одлука за групно помилување на 56-мина политичари, од кои повеќето се случаи на кои работи СЈО, а која потоа самиот ја отповика. Ова е ставот на опозицискиот блок (ДУИ, ДПА, СДСМ), во пресрет на собраниската седница на која ќе се разгледува барањето за импичмент на Иванов.

12.06.2016

Меѓународната федерација на новинари го осудува апсењето на Зоран Божиновски

Меѓународната федерација на новинарите, на нејзиниот 29-ти Светски конгрес, кој се одржа од 7 до 10 јуни во францускиот град Ангерс, усвои ургентна резолуција предложена од Здружението на новинарите на Македонија, со која се осудуваат македонските власти за апсењето на новинарот Зоран Божиновски, соопшти Здружението на новинари на Македонија.

Невладините организации да се вклучат во ажурирањето на Избирачкиот список

“Мост” бара поголема улога во работната група на ДИК за ажурирање на Избирачкиот список. Златко Димитровски од оваа граѓанска асоцијација вели дека ако целта на формирањето на групата би била навистина нешто да се промени, тогаш невладините организации не треба да бидат само обични набљудувачи.

СЈО не коментира политички изјави

13396708_1138498686171047_1826646449_o

Политички изјави не коментираме, порачаа од Специјалното обвинителство по повод изјавата на градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски кој претходно ја повика специјалната обвинителка Катица Јанева  да дебатираат за случајот „ТНТ“ што го отвори СЈО, „Сите докази се дадени на суд, а  не служат за докажувања во јавноста“, велат од СЈО.

Трајковски ја обвини Јанева дека ги сокрила сите факти и аргументи и отворено застанала на ставот дека некои дивоградби мора да се третираат поинаку од останатите.

И малите партии да се вклучат во преговорите

IMG_6732 - Copy

Четворицата лидери, потписници на Договорoт од Пржино потфрлија и не го спроведоа договореното, па оттука, нема основа тие повторно да преговараат за нови избори и преодна влада, сметаат повеќе помали партии.  Од Коалицијата за правда и промени инсистираат во преговарачкиот процес активно да бидат вклучени  и другите политички партии, медиумите и граѓанскиот сектор.

ЦИВИЛ одржа обука за граѓански новинари 

ЦИВИЛ Центар за слобода во саботата спроведе обука за граѓанско новинарство во хотелот „Сити Парк“ во Скопје. на десетина заинтересирани граѓанки и граѓани, кои аплицираа за учество на натпреварот „Биди граѓански новинар“.


german-cooperation-logo-c

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијановинариоставкапрегледСЈОЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ