• Latest

Македонските дипломати го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за отворена узурпација на власта!

April 11, 2017

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР (1): Есента, градовите и нашиот живот

November 14, 2026

Интервју со Димче Велев: Лицата со дијабетес бараат сигурност во терапијата и еднаков пристап до здравствена заштита

November 13, 2026
Фотографија: Unsplash

Глобален прекин на Мајкрософт ги блокираше Outlook, Teams и Copilot – погодени корисници во 74 земји

November 13, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Српската машинерија на моќта се свртува против самата себе

November 13, 2026

ИСТОРИЈА НА ЕДНА БОЛЕСТ: Од ЈУБМЕС до Алта банка – хроника на длабоките тајни во политиката и финансиите

November 13, 2026

Даблинскиот самит во знакот на демократската безбедност: Европа се соочува со бран лажни бомбашки закани

November 12, 2026
Фотгорафија: Кабинет на претседател на Северна Македонија

КОП31: Македонија ветува 80% намалување на нето – емисиите до 2035 година, Турција обезбедува 1,6 милијарди долари за климатски реформи

November 12, 2026
Џабир Дерала, Изборни препораки: Улогата на граѓанското општество, (Варшава, 9-10 ноември 2026)

Дерала од настан на ОДИХР во Варшава: Изборните реформи во Северна Македонија се привид што го креираат политичките елити

November 12, 2026
Празна каса | Сатира: ЦИВИЛ МЕДИА (сите права се задржани)

Хоџиќ: Како пукна економскиот популистички балон на Мицкоски

November 12, 2026
Спасувачи и новинари меѓу загинатите во двојниот напад врз болницата Насер; 25 август 2025 (Фото: Скриншот од видео на ВВС)

Израелски напад врз болницата „Насер“ во Газа: шест загинати, меѓу нив и хирург

November 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Македонските дипломати го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за отворена узурпација на власта!

April 11, 2017 10:42
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС), во денешното отворено обраќање до евроатлантската заедница, насловено „Неправото не создава право“ („Ex injuria jus non oritur“), ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за отворена узурпација на власта, по пат на противправни дејства со кои едновремено се урива уставниот поредок на Република Македонија и се врши целосна блокада на институциите! СМДС бара помош од евроатлантската заедница, со ставот дека не смее да се дозволи противправните дејствија да бидат прифатени како легитимни правни дејствија што произведуваат соодветни правни последици.

Потенцирајќи дека меѓународната заедница може да биде доведена во сериозна заблуда и покрај „крајно исправниот и доследен пристап искажан посебно во периодот по парламентарните избори во Македонија на 11 декември 2016 година’, поради „корупцијата на сите државни канали на дејствување, вклучувајќи ги, а што е исклучително важно – дипломатските канали за дејствување“, Синдикатот обвинува дека повеќе узурпатори на власта се третираат како легитимни претставници на Република Македонија. „Меѓутоа, тоа, од своја страна, го поттикнува привидот на ‘легитимност’ на ваквите политички чинители, па тие дури и продолжуваат, не само отворено, туку и со наводна ‘убеденост’, да го прекршуваат правниот систем на Република Македонија“.

Според СДМС, постапките на претседателот Иванов, додека на внатрешен план значат прекршување на правниот принцип nulla poena sine lege (никој не може да биде казнет за нешто што не е забрането со закон – што е случај со недавањето мандат на парламентарното мнозинство), на меѓународен план значи прекршување не само на демократијата воопшто, туку и на базичниот принцип зацртан во Париската повелба за нова Европа, инаку свечено потпишана од Македонија при нејзиниот прием во ОБСЕ: демократската власт се заснива на волјата на народот изразена на слободни и фер избори.

„Значи, не на волјата на една личност, посебно што таа функција (Претседател на Републиката) има редица други инструменти ако и само ако се случи навистина нешто противуставно“. Според СМДС, „постапките на Иванов, веќе и најпрактично видливо, директно се одразуваат на системот на човекови права и слободи во Македонија. Потполно на иста линија се и постапките на поранешниот претседател на Собранието – Трајко Вељановски“.

Синдикатот повторно, како и повеќекратно претходно посочува на проблемот со поранешниот министер Никола Попоски, кој по завршување на изборите и конституирањето на новиот состав на Собранието, беше избран за пратеник, со што, функцијата заменик-премиер и министер за надворешни работи му престанала по сила на законот. СМДС обвинува дека Попоски „продолжува да дејствува како пратеник во Собранието на Република Македонија, а од друга страна, затскривајќи се зад наводната функција на МНР, продолжува да застапува и претставува чисто партиски ставови пред меѓународната заедница и да го корумпира дејствувањето на професионалните линии на Министерството за надворешни работи, вклучувајќи ги како амбасадорскиот сегмент односно дипломатско-конзуларните претставништва во странство, така и работните структури во самото Министерство. Тука посебно ги имаме предвид примерите на веќе јавно обелоденетото дејствувањето како партиски претставници на амбасадорот Зоран Дабиќ во Брисел и амбасадорот Звонко Муцунски во Истанбул (инаку со седиште во Анкара), но и постапките на амбасадорот Тони Димовски во Отава или вицеконзулот Горан Трајков во Њујорк, во смисла на користење или истапување пред партиски, наместо државни симболи“.

СМДС ја посочува „новововедената практика во МНР на дерогирање или менување подзаконски акти со некакви усмени инструкции и сè поцелосно маргинализирање на професионалните структури на Министерството… Од друга страна, пак, тоа значи испраќање партиски активисти под плаштот на професионални дипломати да лобираат за ‘Владата во оставка’, или поточно, нелегитимното продолжено останување на власт од политичка партија која го изгуби мнозинството во парламентот“.

„Само најнов пример е подготовката на Александар Николоски за упатување на функцијата амбасадор на Република Македонија во Брисел и тоа ни помалку ни повеќе туку за шеф на македонската Мисија при ЕУ!!! Со тоа, не само што се продолжува со привидот на ‘нормалност’, значи наводна легалност и легитимност, туку и се прекршува базичниот принцип на кредибилитет зацртан и во Виенската конвенција за дипломатски односи. Имено, се работи за нелегитимна власт која надвор од пропишаните процедура определува амбасадор и шеф на дипломатско претставништво. Следствено, ако тој биде прифатен, практично ќе биде прекршен принципот ex injuria jus non oritur!!!“, се вели во обраќањето до евроатлантската јавност.

СМДС ја повикува евроатлантската заедница со својот однос и со третманот кон извршната власт, да помогне во враќањето на правниот поредок во Република Македонија: „Со  убедување дека, сè додека лажните министри, т.е.  наводната ‘Влада во заминување’ ја држи извршната власт во свои раце нема да престанат изигрувањата на собраниската процедура и на Уставот на Република Македонија, изразуваме надеж и очекување дека евроатлантската заедница ќе го разгледа статусот и легитимитетот на ваквата, во моментот сè уште актуелна власт во Македонија, и со соодветниот третман кон истата, ќе се постави во функција на враќање на правниот поредок во Република Македонија, на надминување на севкупната криза и со тоа и на продолжување на евроатлантските интегративни процеси на Република Македонијa“.

Tags: ВељановскиДКПЕУминистриНАТОобраќањепомошПопоскиПротестСМДСузурпација на власта
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ